Тромбоцит
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тромбоцитите, односно крвните плочки се цитоплазматични фрагменти во крвта и се едни од формативните елементи. Имаат бела боја и се големи околу 4 µ. Тие содржат ткивна материја серотонин и ензим тромбокиназа, кои лесно се ослободуваат при кршење на тромбоцитот. Со тоа тромбоцитите имаат витална улога во хемостазата, поточно во коагулацијата на крвта.