Стефан Стамболов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Стефан Стамболов (12.02.1854-18.07.1895) е виден бугарски револуционер, новинар, поет, политичар и државник, кој во 1880 год. станал народен пратеник и потпретседател на Народното собрание, а во 1884 и негов претседател.
Роден е во Трново (Велико Трново). Учи во Трново и Одеса. Учесник е во револуционерните борби на Бугарскиот народ за освободуње пред 1878 г. Активен учесник е и во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија) во 1885 г. За нас е важно дека бил и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” 1878-1879. Тој го помогнал и доаѓањето на германскиот принц Фердинанд I Сакс-Кобург-Готски (1861-1948) за бугарски кнез (1887), а самиот станал премиер со изразито прозападна и антируска ориентација. Бил ценет во западните држави како политик, коj сакал да jа ослободи своjата земjа од зависност од Русиjа.
Голем дел од македонските деjци биле против диктаторските методи на Стамболов и неговата протурска политика, па така дошло и до книшката на Вардарски (Петар Поп Арсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставувала програмата на тогаш основаната ТМОРО. (Види Лозарското движење)