Светлински микроскоп
Од Википедија, слободна енциклопедија
Направата која во голема мерка го услови развојот на биологијата е светлинскиот микроскоп. Првиот ваков микроскоп бил конструиран 1665 година, од страна на англискиот научник Роберт Хук.
Првиот микроскоп е наречен светлински бидејќи за осветлување на објектот и набљудување се користи дневна или вештачка светлина. Тој уште се вика и оптички затоа што во него се вградени системи на оптички леќи, од чијашто комбинација и усовршеност зависи зголемувањето и квалитетот на добиената слика.
Од првиот светлински микроскоп до денес не дели долг период во кој тој е усовршуван, така што денес се во употреба многу совршени светлосни микроскопи, кои даваат зголемување и до 3 000 пати, со што се овозможува испитување и на внатрешни структури во клетката итн.
[уреди] Види исто така
- Електронски микроскоп