Лазар Соколов
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Лазар Соколов е роден е 1914 година во Куманово. Во времето на студиите во Белград се вклучил во студентското национално ослободително и комунистичко движење. Дејствувал во МАНАПО, за што бил затворен. Во 1941 година станал член на КПЈ, есента 1943 година му пристапил на АНОК. Бил избран за член на АВНОЈ. Учесник на АСНОМ каде е избран како повереник (министер) за финансии на Македонија. По ослободувањето, ангажиран е на стручни економски функции. Лазар Соколов се залагал за независна, самостојна и обединета Македонија. Овие негови македонски национали стремежи биле жестоко осудени од југословенската власт. Починал во 1984 година.