Кратовска книжевна школа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во рамките на Кратовската книжевна школа, како книжевни центри се среќаваат македонските манастири Свети Прохор Пчињски, Свети Јоаким Осоговски и Свети Гаврил Лесновски. Во овие манастири поактивно писмената и книжевната традиција ќе започне меѓу XII и XIV век, а се разбира и до XIX век, зашто во овие манастири ќе се негува словенскиот збор и православието во периодот на турското владеење во Македонија.
Како македонски дејци, припадници на оваа школа се јавуваат Димитар Кратовски кој е активен во XV век и Јован Кратовски кој својата дејност ја обавувал во XVI век. Од оваа школа потекнуваат ракописите како: Струмичкиот апостол, Хлудовиот триод, Радомирово евангелие, Карлинското евангелие и други.