Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Граматика на македонскиот јазик - Википедија

Граматика на македонскиот јазик

Од Википедија, слободна енциклопедија

Содржина

[уреди] Гласовниот систем

Гласовниот систем на македонскиот литературен јазик се состои од 31 (триесет и еден) глас и во азбуката за секој еден од тие гласови постои посебен знак (буква):

А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, S, И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

[уреди] Правопис

Главна статија: Правопис на македонскиот јазик

Македонскиот правопис е фонетски, но во ред случаи има разлики помеѓу она како се пишува и како треба да се изговара. На пример, се пишува леб, град, мраз, а се изговарара леп, грат, мрас.

[уреди] Поделба на гласовите: Самогласки (вокали) и согласки (консонанти)

Самогласките се: а, о, у, е, и. Гласот р врши служба на самогласка во случаите како: крв, дрво, срце итн.

Другите гласови ја чинат групата на согласките.

[уреди] Самогласното р

крв, дрво, срце Во почетокот на зборот: ’рж, ’рѓа, ’рска, ’рнка, ’рга, ’рбет.

Овие зборови со префикс што завршува на самогласка: за’ржи, на’рга.

Со префикс што завршува на согласка: сржи, срска.

Посебен темен вокал (ъ - во правописот ) с’клет, к’смет, но во литературниот јазик: саклет, касмет.

[уреди] Испуштање на вокалите

[уреди] е

  • Кај именките:
    • Кај именките на -ец
      • старец, старецот - старци; скакулец, скакулецот - скакулци; големец, големецот - големци, но: подлец - подлеци; мудрец - мудреци
    • Кај именките на -ел:
      • котел, котелот - котли; кобел, кобелот - кобли; орел, орелот - орли, но жител - жители; истрел - истрели
    • Кај именките на -ен:
      • ражен, раженот - ражни;
      • камен, каменот - камни, но и камења;
      • скорен, скоренот - скорни
      • но: остен, остенот - остени (и: остење)
    • Кај други именки:
      • јарем, јаремот - јарми (два јарема)
      • пес, песот - пци (два песа)
      • ден, денот - дни (два дена), но и: денови!
    • Кај туѓи зборови на -ер:
      • министер, министерот - министри итн.
  • Кај придавките на -ен: гладен, гладна, гладниот итн.; радосен, радосниот итн., но: дрвен, дрвена итн. (но: дрвна индустрија)


[уреди] о

  1. Кај именките:
    1. Кај именките лакот - лактот, лакти; нокот - ноктот, нокти;
    2. Кај именките на -ок: потомок - потомци, но: четврток - четвртоци
  2. Кај придавките: редок - ретка; сладок - слатка; близок - блиска, но: висок - висока, широк - широка
  3. Во наспоредни форми: собере - збере

[уреди] а

  1. Кај туѓите зборови на -изам: комунизам - комунизмот, фашизам - фашизмот
  2. Кај придавките со наставка -ар: бодар - бодриот, добар - добриот итн.
  3. Кај именки на -ар: ветар - ветрот, ветрови. Кај туѓите именки на -ар: метар - метри итн.


[уреди] За некои согласки

[уреди] ќ, ѓ:

Се разликуваат од согласките к и г не само пред вокалите од заден ред (а, о, у), ами исто и пред вокалите од преден ред (е, и):

  • куќа : кука; лаѓа : лага
  • куќи : куки; лаѓи : лаги

[уреди] s:

Звучниот парник на ц се среќава во доста ограничен број случаи:

  • нога - нозе; sид, sидар; sвезда; sвер итн.

[уреди] џ:

  1. џ се развило од ж: џвака, џгура итн.
  2. Кај туѓите имиња: Риџвеј и сл. и кај туѓи зборови како се: џин, џигер итн.
  3. Се добива од ч пред звучна согласка: лиџба < *личба
  4. Кај наставката -џија: тутунџија, џамџија итн.

[уреди] њ:

  1. На крајот на зборовите: коњ, сињсин) (боја)
  2. В множината на именките на -ен: пламење, камење итн.
  3. Кај глаголските именки на -ње: барање, движење итн.
  4. Во неколку именки на -ња: бања, диња, свиња итн.
  5. Во збирните именки (место множина): ремен - ремење, корен - корење итн.
  6. Во наставката -иња за множина на некои именки во среден род на -е: име - имиња; прасе - прасиња итн.
  7. Кај некои несвршени глаголи: мени - мењава; поклони се - клања се итн.

[уреди] љ:

  1. Во почетокот на зборот, само во коренот љуб-: љуби, љубов, Љубе, Љубен, Љупка, Љубица, Љубојно итн. Во други случаи нема љ: лубеница, луѓе, клун, клуч итн.
  2. Во други случаи: вљубен, пљачка итн.; Иљо, Кољо; Иљка; фељтон, фељтонист; Марсељ, но Марсилеза.
  3. Не пишува се љ туку лј: зелје, илјада, крилје, полјак, фотелја, Силјан, релјеф, Бастилја итн.

[уреди] х:

Во литературниот јазик не е преземено од народните говори:

  • хемија, хигиена, Хајнрих Хајне итн.; храброст, поход, доход итн.; Охрид, Пехчево.

Создава се во еден број случаи двојство: дух, воздух, но: задув; поход, доход, но: оди, наоѓа; храна (за разлика од рана!), но: ранениче. Во други случаи не се изговара и пише во почетокот на зборовите: леб, арно, ајдутин, армоника, убав, убавина итн.

Во средината и на крајот на зборот х или се загубило или преминало во друг глас:

  • в, ф < х:
  1. Од хв-: фрла, фали, фати, фрка;
  2. Од х: дојдов, бев, бевме, но: беа; нивни, јавне итн.; орев - оревот; пазува; мува; уво

[уреди] в, ф:

  1. вистина, вистински; внатре; втор; внук (не: мнук); влезе (не: флезе), но: земе, зеде, зел;
  2. ливче (од лисче), мовче од мост итн.

Во некои диалекти се загубило: тетоски место тетовски, чоек место човек итн., односно претвара се во ј: зборој место зборови итн.

[уреди] Удвоени согласки

Во македонскиот јазик се среќаваат и удвоени согласки. Како удвоени се јавуваат согласките т, д, ц, з, ј, л, м, в и р. За повеќе детали видете: Удвоени согласки во македонскиот јазик.

[уреди] Местото на акцентот

Правилата за местото на акцентот на самостојните зборови во литературниот јазик се прости:

  1. Кај двосложните зборови акцентот паѓа на вториот слог, броејќи од десно кон лево. На пример: дé-те, мáj-ka, тáт-ко итн.
  2. Кај тро- и повеќесложните зборови акцентот паѓа на третиот слог, броејќи исто од десно кон лево. На пример: тáт-ко-то, тáт-ков-ци, тат-кóв-ци-те, ма-кé-до-нец итн.

[уреди] Одстапувања од третосложното акцентирање

  1. Во глаголскиот прилог: викáјќи, одéјќи итн.
  2. Во туѓите зборови: клишé, генéза, литератýра итн.

[уреди] За формите и нивната употреба

[уреди] Зборовните групи

  • Полнозначни зборови: именка, придавка, број, заменка, глагол, прилог
  • Службени зборови: предлог, сврзник, честица
  • Модални зборови
  • Извик

[уреди] Именка

[уреди] Определеноста и неопределеноста на именките

Членот во македонски е постпозитивен, т.е. иде како наставка на именката.

Членот -ов, -ва, во итн. служи за укажување на предмети блиски до говорителот: човеков (овој овде)

Членот -он итн. - за укажување на пооддалечени предмети, но во опсегот на нашите чула: човекон (оној онаму)

Членот -от итн. иде најчесто во служба на општо определување, без однос спрема неговата пространствена позиција, но ќе се рече: на ти ја книгава (оваа до мене), дај ми ја книгана (онаа што ја гледаме двајцата малце понастрана); и од друга страна: дај ми ја книгата (таа што е до тебе, таа што ја држиш) (членот -от изразува и пространствено определување во случај кога се зборува за предмет што се наоѓа во дофатот на второто лице).

Само определени се сопствените именки и тие не се членуваат (Петре, Скопје, Вардар итн.), но: Совчето, Марето, Надето (нијанса на интимност); Вардарот.

[уреди] Преглед на формите на именките

[уреди] Машки род:
  • на согласка: стол, леб, рид;
  • на самогласка -а: слуга, студија;
  • на самогласка -о: татко, дедо;
  • на самогласка -е: вујче, Јане, Миле

Вокатив (форма за повикување) се образува од општата форма на именката со наставка -у или-е: мажу, ќелешу, коњу, крају итн.; бику, волку, смоку, човекучовече), јунакујуначе), но: боже, друже, оче; господине, пријателе, мајсторе (кај повеќесложните именки); од именката господ: господи, покрај господе.

Машките и роднинските имиња:

  • на согласка: Стојан;
  • на -е: Јане;
  • на -о: Велко,
  • на -а: Коста,
  • на -и: Методи (во народниот јазик обично Методија).

Примери: Зборував со Стојана, со Петрета, со Велка; Го видов Стојана итн.

Множински форми како: Петревци, Велковци итн.

Роднинските имиња:

  • на согласка: брат, братучед, девер, зет, маж, син, свекор;
  • на -е: вујче, тате, чиче, брате. Тие именки се деминутивни образувања со силен израз на интимност;
  • на -о: вујко, дедо, стрико, татко, чичко
  • на -а: шура

Формите на множината: Избројана множина: три дена, неколку дена; два петла; два кладенца итн.

Обична множина: Македонец - Македонци; граѓанин - граѓани, селанец - селани, скопјанец - скопјани, но Германец - Германци; Турчин - Турци; старец - старци; театар - театри; Грк - Грци; ден - дни, денови; смок - смоци, смокови; крст - крстови; леб - лебови; нож - ножеви; крај - краеви, но: кеј - кејови; крал - кралеви и кралови; зет - зетеви и зетови; меч - мечови; ветар - ветрови; оган - огневи и огнови;

Збирна множина: дол - долишта; крај - краишта; роб - робје; кол - колје; друм - друмје; камен - камење, камења; ремен - ремење, ремења итн.; град - градје; рид - ридје; пат - патје; паќе (=патови).

[уреди] Женски род

Вокатив

  1. Кај тросложните и повеќесложните именки на -ица: Горице, мајчице, но и: лисицо, биволицо, кукавицо;
  2. Кај личните имиња на -ка: Ратке; Бослике; Василке, но и: Велико, Љубико итн.
  3. Имињата на -ја: Марија - Марије, Маријо;
  4. сваќа - сваќе; попаѓа - попаѓе
  5. Сите други именки на -а образуваат вокатив само на наставка -о: душо, жено, Ангелино итн.; кума-лисо

Губењето на вокативната форма е покарактеристично за именките од машки род на -а (војвода), но и кај именките од женски род (Емилија, Мимоза, Лиза; Вера место Веро).

Формите на множината:

  • Обична множина: на -и: жена - жени; ноќ - ноќи; Особени форми: раце, нозе;
  • Збирна множина: вода - водје, воѓе; ливада - ливадје, ливаѓе итн.

[уреди] Среден род
  1. на -о: село, вретено;
  2. на -е: поле, лице, лозје.

Формите за множина: на -а: села, лета, вретена;

  • Посебни форми: рамо - рамена; око - очи; уво - уши; небо - небеса (неба); чудо - чудеса (чуда);
  • Збирна множина: крило - крила, крилје;

Образување на множината од именките на -е: на -је, -ие, -це: множина на -а: лозје - лозја, влијание - влијанија, лице - лица; сите други именки на -е во множината ја добиваат наставката -иња: пиле - пилиња; име - имиња; море - мориња; дете - деца, дечиња;

[уреди] Придавка

Поредбени степени (позитив, компаратив и суперлатив)

  • добар - подобар - најдобар; добраподобра - најдобра; доброподобро - најдобро; добриподобри - најдобри.

[уреди] Броеви

  1. Одредена бројност:
  • еден, една, едно; два, две; три; четири; пет; шест; седум; осум; девет; десет; единаесет; дванаесет... дваесет; дваесет и еден; дваесет и два... триесет; четириесет; педесет; шеесет; седумдесет; осумдесет; деведесет; сто; сто и еден; сто и два... двесте; триста; четиристотини; петстотини; шестотини; седумстотини; осумстотини; деветстотини; илјада; две илјади; милион; милиарда;
  1. Бројни придавки:
  • прв, први, првиот; прва, првата; прво, првото итн.; втор, втори; трет, трети; четврт, четврти; петти; шести; седми; осми; деветти; десетти; единаесетти... дваесетти; дваесет и први... стоти, стотен; илјаден; две илјаден; милионити;
  1. Одредена бројност за лица:
  • двајца, тројца, четворица, петина, петмина... осмина, осуммина, деветмина, десетмина, стомина, двестемина, илјадмина;
  1. Приближна бројност
  • два-три, три-четири; седум-осум; сто-двесте; две-три стотини; од броевите на десет и од бројот сто се образуваат форми за приближна бројност со наставката -ина: десетина; дванесетина; дваесетина; педесетина; стотина итн.

[уреди] Заменки

[уреди] Лични заменки

Број Лице Основна форма Форми на субјектот Форми на дативниот предмет
Род Долга Кратка Долга Кратка
Еднина I јас мене ме мене ми
II ти тебе те тебе ти
III м. р. тој него го нему му
ж. р. таа неа ја нејзе ѝ
ср. р. тоа него го нему му
Множ I ние нас нè нам ни
II вие вас ве вам ви
III тие нив ги ним им

[уреди] Лично-предметни заменки

Прашални заменки

  • кој, која, кое, кои; кого, го; кому, му;
  • чиј, чија, чие; чии;
  • што; колкав; каков

Заменки со односно значење: којшто, кој; чијшто, чиј;

Неодредени лични заменки:

  • некој, некого; на некого (некому); некојси; секој; нешто, сешто; сèнешто; сето (синоним на целото, во таква служба не може да стои сè: за сето тоа)
  • кој било; кој да е; кој-годе; што било итн., какав-годе итн., колкав-годе итн.

Одрични заменки: никој; ништо;

Показни заменки:

  • За посочување на блиски предмети: овој, оваа, ова, овие
  • За посочување на пооддалечени предмети: оној, онаа, она, оние
  • За посочување на предмети без просторно определување (освен во некои случаи): тој, таа, тоа, тие.

Заменки-придавки:

  • таков, таква, такво, такви; ваков... онаков... инаков...
  • секаков... некаков... никаков...
  • толкав... олкав... онолкав


[уреди] Прилог

Прилози за количество и степен: колку, толку, олку, неколку, многу, малку, уште, доста, дури, веќе, одвај, двојно, стоструко;

Прилози за време: кога, сега, некогаш, вчера, утре, другиден, лани, летоска, зимоска...

Прилози за место: каде, овде, онде, некаде, горе, долу, оздола, озгора, дома, близу, далеку, високо, ниско, напред, назад, лево, десно итн.

Прилози за начин: како, вака, така, инаку, некако, редум, молкома, весело, смешно, тешко итн.


[уреди] Глагол

[уреди] Помошен глагол сум

Сегашно време Минато определено време Минато неопределено време Заповеден начин
сум бидам бев бидев -
си бидеш беше бидеше биди
е биде беше бидеше -
сме бидеме бевме бидевме -
сте бидете бевте бидевте бидете
се бидат беа бидеа -

[уреди] Прости глаголски форми

[уреди] Сегашно време
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. викам носам предам пијам
2 л. викаш носиш предеш пиеш
3 л. вика носи преде пие
Множ. 1 л. викаме носиме предеме пиеме
2 л. викате носите предете пиете
3 л. викаат носат предат пијат

[уреди] Заповеден начин
а-група и-група е-група
Едн. 2 л. викај носи стој преди кажи пиј
Множ. 2 л. викајте носете стојте предете кажете пијте

[уреди] Минато определено време
  • Минато определено свршено време
а-група и-група е-група
Еднина 1 л. извикав износив избројав остарев паднав реков умрев измив
2 л. извика износи изброја остаре падна рече умре изми
3 л. извика износи изброја остаре падна рече умре изми
Множина 1 л. извикавме износивме избројавме остаревме паднавме рековме умревме измивме
1 л. извикавте износивте избројавте остаревте паднавте рековте умревте измивте
3 л. извикаа износија избројаа остареа паднаа рекоа умреа измија
  • Минато определено несвршено време
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. викав носев предев пиев
2 л. викаше носеше предешев пиеше
3 л. викаше носеше предешев пиеше
Множ. 1 л. викавме носевме предевме пиевме
1 л. викавте носевте предевте пиевте
3 л. викаа носеа предеа пиеја

[уреди] Глаголска л-форма

За свршеното и за несвршеното време:

  • носил - носел, бројал - броел, станал - станел, плакал - плачел, пеал - пеел, пил - пиел;

Особени свршени л-форми:

  • иде: ишол - идел; пошол - појдел;
  • дојде: дошол - дојдел;
  • најде: нашол - најдел

Глаголските л-форми служат и за прекажување на дејства, кои лично не сме ги восприемале, а ни се соопштени од друг. Во прекажувањето најчесто се јавуваат формите за трето лице (Но малу по малу започнаа разговор и таа разбра оти тој бил од Прилеп). Начинот на прикажувањето со минато неопределено време во вакво значење е најобичен во народните прикаски. Во него уведува веќе самата почетна формула (си бил еден... ) (Си биле двајца браќа, едниот - постариот - женет, а другиот неженет; работата им била трговци.).

Втори случај е кога земаме лично (иронично или инакво) становиште спрема оно што го кажал некој за нас (Јас сум му ги зел парите!). Доста често се јавуваат вакви состави во кои на прекажаната форма во второ или трето лице се надоврзува форма за прво лице, која не е веќе прекажана, ами значи директно соопштување (Ти си дошол, ама јас не сум бил дома.)

Формите за прекажување не им се противставуваат само на формите од минатите определени времиња, ами можат да служат и за прекажување на дејства што во директното кажување идат во сегашно време (Тој вели не јадел сега).

[уреди] Глаголска придавка

Глаголската придавка се образува од сите глаголи: преодни (женет, насмеан) и непреодни (паднат, дојден, беган, шетан), затоа називот “пасивна глаголска придавка” не `и одговара. Таа се сврзува со помошниот глагол има, нема во различни временски конструкции: го имам земено, имам дојдено, немам шетано итн. (овде ги губи обележјата на родот и бројот - во овие форми влегува само со формата за среден род еднина).

Наставките за образување на глаголските придавки се две:

-н (-на, -но, -ни); -т (-та, -то, -ти) (втората се придава кај глаголите со општ дел на н, њ: станат, бањат).

Основните вокали се а и е.

Основниот вокал а се среќава кај глаголите од а-група и од е-група, а-раздел:

  • викан, набран, напишан, станат

Глаголски придавки од глаголи со општ дел на н:

  • станат; бањат; гонет, ранет, женет, ценет; викан, беган;

Двојни форми кај глаголските предавки од глаголи со општ дел на н:

  • женет - женат; сменет - сменат

Двојни форми кај глаголските придавки од глаголите, во кои во минато свршено време се губи вокалот од општиот дел:

  • бран - берен; дран - дерен; клан - колен; млен - мелен;
  • бројан - броен; сеан - сеен; кројан - кроен; пеан - пеен итн.

Двојни форми и кај глаголските придавки, кои се образуваат од непрефиксирани глаголи од и-група и е-група (а-раздел):

  • бројан - броен, кројан - кроен; пеан - пеен; сеан - сеен; (кај префиксираните глаголи единствено можни: испеан, насмеан, посеан)

[уреди] Глаголски прилог

Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со наставка -јќи: викајќи, бегајќи, носејќи, смеејќи се итн. Формата бидејќи се употребува како сврзник.

Основниот вокал е а (во а-група) и е - во другите две групи.

а-група и-група е-група
префрлајќи одејќи пиејќи
доаѓајќи носејќи бришејќи

[уреди] Глаголска именка

Глаголската именка се образува од несвршени глаголи (како и глаголскиот прилог) со наставка -ње: викање; бегање; дерење - драње; спиење - спање итн.

Во македонски има и извесен број глаголски именки на -ние од свршени глаголи (за апстрактни поими) - решение, образование, издание.


[уреди] Сложени глаголски форми

[уреди] Форми со сум
  • Минато неопределено време
    • Свршено
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. сум извикал сум износил сум минал сум измил
2 л. си извикал си износил си минал си измил
3 л. извикал износил минал измил
Множ. 1 л. сме извикале сме износиле сме минале сме измиле
2 л. сте извикале сте износиле сте минале сте измиле
3 л. извикале износиле минале измиле
    • Несвршено
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. сум викал сум носел сум минел сум миел
2 л. си викал си носел си минел си миел
3 л. викал носел минел миел
Множ. 1 л. сме викале сме носеле сме минеле сме миеле
2 л. сте викале сте носеле сте минеле сте миеле
3 л. викале носеле минеле миеле
  • Предминато време
Еднина 1 л. бев дошол
2 л. беше дошол
3 л. беше дошол
Множина 1 л. бевме дошле
2 л. бевте дошле
3 л. беа дошле


[уреди] Форми сложени со ќе
  • Идно време
Негирање:
Еднина 1 л. ќе одам ќе влезам нема да одам нема да влезам
2 л. ќе одиш ќе влезеш нема да одиш нема да влезеш
3 л. ќе оди ќе влезе нема да оди нема да влезе
Множина 1 л. ќе одиме ќе влеземе нема да одиме нема да влеземе
2 л. ќе одите ќе влезете нема да одите нема да влезете
3 л. ќе одат ќе влезат нема да одат нема да влезат

Употребуваат се негирани форми и со не: не ќе одам итн.


  • Минато идно време
Негирање:
Еднина 1 л. ќе одев ќе влезев не ќе одев немаше да одам
2 л. ќе одеше ќе влезеше не ќе одеше немаше да одиш
3 л. ќе одеше ќе влезеше не ќе одеше немаше да оди
Множина 1 л. ќе одевме ќе влезевме не ќе одевме немаше да одиме
2 л. ќе одевте ќе влезевте не ќе одевте немаше да одите
3 л. ќе одеа ќе влезеа не ќе одеа немаше да одат


  • Идно прекажано време
Негирање:
Еднина 1 л. ќе сум одел ќе сум влезел не ќе сум одел немало да одам
2 л. ќе си одел ќе си влезел не ќе си одел немало да одиш
3 л. ќе одел ќе влезел не ќе одел немало да оди
Множина 1 л. ќе сме оделе ќе сме влезеле не ќе сме оделе немало да одиме
2 л. ќе сте оделе ќе сте влезеле не ќе сте оделе немало да одите
3 л. ќе оделе ќе влезеле не ќе оделе немало да одат

[уреди] Форми сложени со би
Еднина 1 л. јас би донесол јас би носел јас би носил
2 л. ти би донесол ти би носел ти би носил
3 л. тој би донесол тој би носел тој би носил
таа би донесла таа би носела таа би носила
тоа би донесло тоа би носело тоа би носило
Множина 1 л. ние би донесле ние би носеле ние би носиле
2 л. вие би донесле вие би носеле вие би носиле
3 л. тие би донесле тие би носеле тие би носиле

[уреди] Форми сложени со има, нема

Со помошта на помошниот глагол има/нема се утврдува еден момент (на соопштувањето или некој минат или иден момент) до кој се сведува извршеноста на едно дејство или претпоставката за неговото извршување: имам дојдено значи дека дејството е извршено воопшто во минатото до моментнтов на соопштувањето; имав дојдено значи дека дејството се извршило до еден одреден момент во минатото; ќе имам дојдено значи дека се претполага извршувањето на дејството пак до одреден момент во идноста. Со времињата, во кои влегува л-формата од помошниот глагол, се предава прекажано дејство. Поради близост во значењето, формите со има/нема и тие на минатото неопределено време можат да се заменуваат (временски нефиксирано дејство) (Се немаме видено две години = Не сме се виделе две години). Заменувањето не ќе биде никако обично каде што дејството поблиску се сврзува со одреден момент или отсек во минатото (Сум ти станал ноќеска не би одело “Ти имам станато ноќеска”).

  • Примери:
  • имам (немам) земено, влезено, носено, бегано; имаш (немаш) земено итн.
  • имав (немав) земено итн.
  • сум имал (немал) земено итн.
  • ќе имам (не ќе имам, нема да имам) земено итн.
  • ќе имав (не ќе имав) земено итн.
  • ќе сум имал (нема да сум имал, не ќе сум имал) земено итн.
  • (не) би (сум) имал земено итн.

[уреди] Предлози

без, во, врз, до, за, зад, заради, кај (каде), како, кон, крај, меѓу, место, на, над, накај, накрај, наместо, наспроти, насред, низ, од, одавде, оданде, отаде, околу, освен, откај, по, под, покрај, помеѓу, поради, посред, потем, пред, през, преку, при, против, сред (е), според, спроти (в), спрема, со, у.

[уреди] Сврзници

[уреди] Приредни сврзници

  • Составни (копулативни): и, па, та, да, исто и, не само - туку и
  • Спротивни (адверсативни): а, ама, ами, туку, пак, а пак, но, меѓутоа, само што, камо ли
  • Разделни (дисјунктивни): или, или - или, а - а, било - било, ем - ем, ја - ја, ни - ни (нити - нити, ниту - ниту), ту - ту
  • Исклучни (ексклузивни): само, само што, освен што, единствено, единствено што

[уреди] Подредни сврзници

  • Целни (финални): да, за да
  • Временски (темпорални): кога, кога што, кога да, а, дури, дури да, додека, пред да, откога, откако, штом, штотуку, тукушто
  • Начински или подредбени (модални): како што, како да, колку што, колку да, отколку, одошто, камо, а камо, камо ли, а камо ли, божем
  • Исказни (декларативни): дека, оти, да, како, што
  • Причински (каузални): дека, за дека, оти, зашто, бидејќи, затоа што, пошто
  • Последнички (консекутивни): што, така што
  • Условни (кондиционални): ако, ако ли, да, ли
  • Допусни (концесивни): ако, иако, макар да, макар што, при сè што
  • Односни (релативни): што, кој, којшто, чиј, чијшто, каков што, колкав што

[уреди] Честици

  • За истакнување (усилувачка служба): сврзниците и, пак, меѓутоа се јавуваат како честици (партикули); просто, дури, барем, само;
  • За изделување: само, единствено, исклучиво, уште
  • За присоединување: исто, исто така итн.
  • Со количествено значење: речиси, скоро, токму, точно, одвај итн.
  • Со определено значење: баш, имено, токму итн.
  • Со показно значење: еве, ене, ете, на, ја, еве ти го итн.
  • Со потврдно значење: да
  • Со одрично значење: не, ни, нити, ниту
  • Со прашално значење: ли, дали, али, зар
  • Со начинско (модално) значење: нека, да

[уреди] Модални зборови

  • Реалност: сигурно, веројатно, се разбира, очевидно, навистина, можеби, неоспорно итн.
  • Емоционален однос: белки, божем
  • Однос: значи, а пак; на пример, то ест, освен тоа, впрочем, најпосле
  • Модални зборовни состави: за среќа, за големо чудо, без сомнение итн.

[уреди] Извици

оф, еј, олеле! итн.

[уреди] Видете исто така

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com