Вангел Коџоман
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Роден е на 14 февруари 1904 година во Струга. Во 1923/24 го дина матурирал во Охридската гимназија. Во 1924-1928 го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград (проф. Бета Вукановиќ, Љуба Ивановиќ, И. Шобаиќ). Во 1928 година го продолжил студирањето на двегодишниот академски курс за чиста уметност кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на школувањето бил на покус студиски престој во Италија. Завршил академски курс на Уметничката школа во Белград, 1930 година. По отслужувањето на деветомесечниот воен рок во Сараево во 1931 година стапил во служба како ликовен педагог во Охридската гимназија.
Од 1929, особено од 1936 г. До почетокот на Војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и скулпторски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 г. Учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка". Во 1938-39 г.
Во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 г. Учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот. Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 г. По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 г. Дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 г. Го добива називот Училиште за применета уметност. Таму работел во 1952 г. Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.
Од 1945 г. Учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и во другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 г. Започнал да работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје, каде до 1972 г. Предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 г. Заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950" во Модерната галерија во Загреб. Во 1955-56 г. Остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт". Во 1974 г. Во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во Спомен-куќата на Вангел Коџоман, со околу 30 масла и акварели. Во 1975 г. е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е 1981 г. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело - 1969; Осмоноемвриска награда на Струга - 1975; АВНОЈ - 1979; 13 Ноември на град Скопје - 1981.
[уреди] Самостојни изложби
- Скопје - 1938,1958, 1972, 1976, 1981, 1994
- Струга - 1961, 1962, 1974
- Торонто - 1975
- Берлин - 1984
Самостојно излагал во Струга, Скопје, Торонто, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата (од 1929 год.) и странство (Берлин 1977 год.).
Извел (со Шулајковски и Дракулевски) мозаик во Југобанка - Скопје.
Добитник е на Октомвриска награда за животно дело - 1969 год., наградата АВНОЈ - 1979 год. и др.