Љубомир Михајловски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Љубомир Михајловски е роден на 10 декември 1954 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во 1980 година.
Во периодот од 1981 до 1983 година тој работи како пазарен и трудов инспектор во Собранието на општина Центар.
Од 1983 до 1999 година тој е потсекретар во Министерството за внатрешни работи каде обавува повеќе функциите. Во МВР работел и како инспектор во Управата за оперативни работи во СВР - Скопје, самостоен инспектор за спречување криминал, виш инспектор за спречување криминал, виш инспектор за недозволена трговија со дрога, началник на Одделението за општ криминал, началник на Секторот за сузбивање на криминал, заменик на помошникот министер за криминалистичка служба во МВР и началник на Управата за внатрешни работи - Охрид, Кичево, Дебар и Струга.
Во периодот од 2000 до 2002 година работи како адвокат, а од 2 декември 2002 ја обавува функцијата директор на Царинска управа.
Од декември 2004 година е министер за внатрешни работи.