Јувентус
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Содржина |
[уреди] Историја
[уреди] Формирање
Есента во 1897 година, неколкумина студенти од Торино-вљубеници во спортот се одлучиле да формираат спортска екипа и на 1-ви Ноември 1897 формиран е клуб под името Augusta Tourinorum,но за само неколку денови луѓето се премислуваат и го именуваат клубот како Juventus што означува "младост" според латинската транскрипција.
Официјални основоположници на фудбалскиот клуб се Еугенио и Енрико Канфари и тој егзистира веќе 108 години и еден е од најстарите фудбалски клубови во Италија.
[уреди] Дресови
Во првите години од формирањето на клубот, фудбалерите носеле дресови со розева боја и црни шорцеви.
Дресовите од тоа време не биле квалитетни, па во 1903 година, еден трговец со текстил од Торино се решил на клубот да му подари нови дресови.Тој дизајнирал дресови со розева основа и црни линии и го испратил дизајнот во Англија во фабриката за текстил каде по грешка им биле направени бело-црни дресови.Сите фанови и членови од Јувентус биле разочарани кога дресовите пристигнале но со текот на времето таа комбинација станала општоприфатена во клубот и од страна на навивачите.
[уреди] Првото Скудето
Црно-белите дресови им носат среќа на Јувентус веќе две години подоцна кога во 1905 година, Јуве ја освојува првата титула во Италија.Од 1905 до 1926 Јувентус не успева да го повтори успехот и во тој период доминираат екипите на Интер, Касале, Про Верчели и Милан (еден од најмоќните клубови од тоа време во Италија).
[уреди] Ерата на Ањели
Семејството Ањели ја превзема екипата на Јувентус во своја сопственост на 24 јули 1923 година. На чело на клубот застанува Едуардо Ањели, тогашен сопственик на автомобилскиот магнат FIAT. До денешен ден, фамилијата Ањели и понатаму се сопственици на Јувентус. По смртта на Едуардо, на чело на екипата застанува Џани Ањели а по неговата смрт контролата ја превзема неговиот брат Умберто Ањели. Денеска на чело на Јуве се наследниците на семејството Ањели (синовите од сестрите на Умберто и Џани).