Хеленистичка култура
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Со освојувањето на Александар 3 Македонски на Исток дошло до ширење на македонската и грчката (или хеленска) култура кај тамошните поробени народи. Притоа македонската и грчката култура вршеле влијание врз културата на месното население, а и тие возвраќале со извесно влијание врз нив. Така дошло до мешање на македонската, грчката и старите источни култури. Новата култура, за разлика од грчката или хеленска култура, која била доминантна, се нарекува хеленистичка култура
Епохата на процутот на хеленистичката култура се нарекува хеленизам, а државите во кои се развивала хеленистичката култура се нарекуваат хеленистички држави.
Хеленистичкиот период започнал од периодот на завојувањата на Александар 3 Македонски, продолжил во државите создадени по неговата смрт па се’ до нивното потпаѓање под римска власт и како крај се смета освојувањето и разорувањето на градот Александрија од страна на Арабјаните 642 година пред н.е.
Народот кој живеел во Македонија во антиката го надживеал своето физичко исчезнување преку делата во матеркалната култура кои ги оставил зад себе. Денес не’ воодушевува нивната оригиналност и изворност. Среќна околност била таа што Македонија се наоѓала во непосредно соседство на Егејско - римската, медитеранска цивилизација, што ќе овозможуви постепено и самата да стане нејзин дел.
Денес е мошне тешко, речиси невозможно, процентуално да се одреди етничката слика на Македонија во римскиот период. Секако дека најголемиот дел во класично и хелинистичко време го сочинувале Пајонците и Македонците. Помалку населени биле деловите Македонија со Пенести, Бриги, од елинистичко време со Дарданци, Тракијци. Но, тука биле и доселениците Ориенталци, особено во римската епоха, меѓу кои и евреите со сигурност се потврдени, потоа Сарматите, Готите и уште многу доселеници со разни националности.
Римските легионери колонисти имале различно потекло: шпанско, сириско, северноафриканско, далматинско, италско. На крајот на античката епоха во Македонија сите овие народи биле веќе претопени во една хомогена етничка структура позната како Ромеи. Исплашени пред застрашувачкиот пробив на Аварите и Словените, голем дел од Ромеите ќе се засолнат во сигурноста на мегаплите Солун и Цариград. Но сепак поголем бил делот од нив кој ќе се повлече во високите планински пазуви каде што ќе ги преживува наредните векови, главно со помош на сточарството како основна стопанска дејност.
Низ средниот век Ромеите се познати како Власи, народ кој со тешкотии опстојувал во планините, чувајќи ги длабоко во својата свест ранохристијанските црковни пораки. Токму ова христијанско чувство ќе го спои влашкиот етнички елемент со новодојдениот словенски народ, кој во наредните векови ќе го прифати христијанството.