Тодор Скаловски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тодор Скаловски (21 јануари 1909, Тетово - 5 март 2004, Скопје) е истакнат македонски композитор, хорски и симфониски диригент. Автор е на голем број инструментални, вокални и сценски композиции, а покрај творештвото се занимавал и со педагошка работа.
Музичка академија завршил во Белград, а диригентството го усовршувал на Конзерваториумот "Мопартеум" во Салцбург кај професор Ловро Матачиќ. Тодор Скаловски е автор на музиката на македонската химна Денес над Македонија, а бил и шеф-диригент на новоформираната Македонска филхармонија во 1944, како и диригент на првата опера изведена во МНТ, Кавалерија рустикана. Тој е еден од основоположниците на македонската државна опера и нејзин прв директор. Член на МАНУ е од 1972 година. Добитник е на Ноемвриската награда на Тетово, Октомвриската награда за животно дело, наградата АВНОЈ и др.
Тодор Скаловски е познат по употребата на архаичен фолклор во неговите композиции. Со употребота на хармонија, тонални и модални системи, и лиризмот тој е сличен на македонскиот композитор Трајко Прокопиев, иако во некои дела како Македонски танц, Скаловски користи драмски елементи. Тој исто така пишувал и духовна музика.
[уреди] Најпознати дела
- "Величанија Кирилу и Методију"
- "Македонско оро",
- "Македонска хумореска",
- "Гоце",
- "Рапсодија 2",
- "Шарпланинска приспивна",
- суитата "Балтепе