Средновековни романи и раскази
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во средновековните романи и раскази присутни се ликови и светови од најдалечната митологија, од антиката, од исток и запад, од далечната и поблиската историја но сместени во амбиентот, условите и сфаќањата на средновековието. Романи кои најмногу го свртеле вниманието се Александрида, Тројанската војна, Тристан и Изолда, Панчатантра, Варлаам и Јосиф.
Од средновековните раскази најпознати се: Крчмарката, Еладиј, Расказите за Езоп, Девојката без раце, Премудриот Акир.
Во средновековната македонска книжевност се јавуваат и други жанрови како што се летописите, хрониките, родословите, хронолошките таблици, патеписите, полемиките.