Реквием за еден сон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Реквием за еден сон е новела напишана од Хуберт Селби Помладиот и најпрво публикувана во 1978.
Оваа новела е адаптирана во филм во 2000 година и е режирана од Дарен Аронофски. Во неа играат Елен Бурстин, Џеред Лето, Џенифер Конели и Марлон Вајанс, а самиот Хуберт Селби има улога како затворски стражар. Елен Бурстин беше номинирана за Академската Награда за најдобра актерка во 2000 за нејзината улога во овој филм.
Во филмот се зборува за различните форми на зависност, кои водат до затвореност во еден свет на соништата, кој е различен од реалноста.
Музиката во филмот е компонирана од Клинт Мансел и ја изведува Кронос Квартетот.
[уреди] Накратко за содржината
Откако вдовицата Сара Голдфарб добива анонимен телефонски повик преку кој е повикана да учествува во телевизиски квиз, таа се согласува и решава да биде облечена во нејзиниот величествен црвен фустан, кој го носела и на матурата на својот син. Меѓутоа, со текот на годините таа се здебелила, што ја спречува во нејзината намера. За да ослаби побрзо, таа се обраќа на лекар којшто и препишува апчиња (амфетамини) од кои таа подоцна станува зависна. Тоа е главната причина за нејзините халуцинации и бегање од реалниот свет во светот на соништата.
Синот на Сара Голдфарб, пак, Хари Голдфарб е дилер и нарко-зависник од хероин. На тој начин тој мисли дека ќе си осигура подобар живот, како за него, така и за неговата девојка - Мерион Силвер, исто така зависник од дрога. За жал, по нивната краткотрајна радост, тие доаѓаат во пресрет на една сурова есен и зима (периодот во кој левата рака на Хари е ампутирана, неговата мајка бега од реалноста под дејство на амфетамините, Мерион станува проститутка, пријателот на Хари - Тајрон е во затвор), по коишто пролетта никогаш нема да се појави поново.
[уреди] Улоги
- Елен Бурстин - Сара Голдфарб
- Џеред Лето - Хари Голдфарб
- Џенифер Конели - Мерион
- Марлон Вајанс - Тајрон Лав