Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Пост-структурализам - Википедија

Пост-структурализам

Од Википедија, слободна енциклопедија

[уреди] Пост-структурализам

Пост-структурализмот е метод на текстуална и културна анализа која потекнува од Франција некаде во 1960 година како критика на структурализмот. Оние кое работат на овој метод се автори како Мишел Фуко, Жак Дерида и Јулија Крстева. Пост-структурализмот е претходник на постмодернизмот и деконструктурализмот Тврдењето на структурализмот во однос на културното независно значење е во директен контраст со пост-структуралистичките погледи на културата како интегрален дел на секој текст. Есенцијалните елементи на овој културен контекст го вклучуваат: авторот, локацијата, форматот, публиката како и многу други социјални и економски фактори. Типичната пост-структуралистичка позиција држи страна дека секое дело самото е културен феномен.

Историја

Поструктурализмот се појавува во Франција 1960 година како критичко движење кое е противречност на структурализмот. Тој период кога се појавува пост-структурализмот е обележан со голема политичка нетрпеливост, студентите и работниците се бунтуваат против државата и во Мај 1968 речиси ја туркаат француската влада. Појавата на влијанието на ткн. “потчинето знаење” (како што Фуко подоцна ќе го детерминира) го вклучи и феминизмот, и ги распрска интересите во критичките погледи на доминантната западна филозофија и култура. Пост-структурализмот понуди значења и оправдувања на овие критики со изложување на основните претпоставки на многу западни норми.

Двете клучни фигури во раното пост-структуралистичко движење се : Роланд Бартес и Жак Дерида. Во 1966 година во предавањето на Жак Дерида насловено како lecture "Structure, Sign and Play in the Discourse of the Human Science" тој изложува теза за јасен прелом на интелектуалноста. Дерида го интерпретира овој настан како “децентрализација” на поранешниот интелектуален космос. Наместо прогрес или дивергенциска форма на индентификуваниот центар, Дерида овој “настан” го опишува како “игра”

Иако оргинално е структуралист, работата на Бартес во 1960 година расте до пост-структуралистички погледи. Во 1968година Бартес ја објавува работата насловена како “Смртта на Авторот” каде што опишува метафоричен настан: смртта на авторот е автентичен извор на значење за дадениот текст. Бартес расправа дека значењето на било кој литературен текст е мултипликација и авторот не е примарен извор на семантичката содржина на делото.


Теорија

Генерална практика

Пост-структуралистичките практики генерално делуваат врз неколку основни претпоставки: Пост-структуралистите го држат концептот на “себе” како еднина и кохерентниот ентитет е фикционален конструкт. Наместо тоа индивидуата е компонирана од конфликтни тензии и образовни тврдења (во однос на полот, класата, професијата итн) Оттаму, за да правилно се проучи еден текст читателот мора да разбере како тоа дело е поврзано со неговиот концепт на себе. Оваа себе-перцепција игра критична улога во таа интерпретација на значењето.

Секогаш значењето кое авторот е второстепено за читателот и неговата моќ на забележување. Пост-структурализмот ја одбива идејата дека еден литературен текст може да има една намена, едно значење и едно единствено постоење. Пост-структуралистичката критика мора да биде во можност да искористи многу перспективи за да креира многу различни (дури и конфликтни) интерпретации на еден текст. Многу е важно да се анализира како значењето на еден текст се менува во релација со некои варијабли (најчесто во однос на идентитетот на читателот)

Дестабилизирано значење

Во пост-структуралистичкиот приод кон текстуална анализа, читателот го заменува авторот со примарен субјект на испитување. Ова преместување е често познато како “дестабилизирање” или ”децентрирање” на авторот, и при тоа има огромен ефект на самиот текст. Без централна фиксација на авторот и невнимателно есенцијалистичко читање на содржината пост-структуралистите истражуваат и некои други извори на значење (читател, културни норми, други литератури итн) Овие алтернативни извори никогаш не се авторитативни и не ветуваат конзистентност. Во својот есеј “Означување и Чувство” Емануел Левинас обележува едно ново поле на семантичко истражување: ...јазикот се однесува на позицијата на слушателот и оној кој говори, тоа е случајност на нивната приказна. Да се зграпчи сета залиха на сите нконтексти во јазикот и сите можни позиции на соговорници е бесмислена задача. Секоја вербална сигнификација лежи на ко-влијание на безбројни семантички реки. Искуството, како и јазикот, не е повеќе направено од изолирани елементи подредени во зборови... (Емануел Левинас)

Деконструкција

Оваа теорија тврди дека има одредени теориски и концептуални опозити, често подредени во хиерархија која претставува структура на одреден текст. Тие бинарни парови може да вклучуваат: машко/женско, говор/пишување, рационално/емоционално. Пост-структурализмот категорично ја одбива забелешката дека постои конзистентна структура на текстот, посебно во теоријата на бинарната опозиција. Наместо тоа, пост-структуралистите ја застапуваат премисата која што тврди дека значењето на текстовите и концептите константно се менуваат во релација со мнозинство варијабли. Единствениот начин да се разберат овие значења е да се деконструираат претпоставките и системите на знаење кои продуцираат илузија дека постои единствено значење.

Структурализам наспроти Пост-структурализам

Поструктурализмот е опишан како бунтување против Структурализмот. Можеби е многу попрецизно разбран како критички и поразбирлив одговор на основните претпоставки на Структурализмот. Структурализмот се смета за студија на основни структури кои се неразделни од културните продукти (какви што се текстовите) користејќи аналитични концепти од лингвистика, психологија, антропологија и други полиња. Исто така ова движење вметнува и критички истражувања во овие структури, постои непогрешливо потенцирање на логиката и научните резултати. Многу Структуралисти бараат интеграција на нивната работа во пред-постоечки тела на знаење. Ова беше опсервирано во делото на Фердинанд де Сосир во лингвистиката, Клод Леви-Штрс во антропологијата и кај многу психолози во 20-сетиот век. Главните претпоставки на пост-структурализмот произлегуваат од појавата на уводот од критиката на Структуралистите. Пост-структурализмот својствено се држи дека студијата на основните структури самата е културен продукт и притоа субјект на многубројни предрасуди и недоразбирања. Да се разбере дека објектот (едно од многуте значења на текстот) неопходно е да се научи самиот објект и системот на знаење кој е координиран за да се продуцира објектот. На овој начин пост-структурализмот се позиционира како студија на тоа како знаењето е продуцирано.

Историски наспроти дескриптивен пристап

Пост-структуралистите генерално тврди дека пост-структурализмот е историски а структурализмот дескриптивен. Оваа терминологија е поврзана со Фердинанд де Сосир и неговата дистинкција помеѓу историскиот (дијахрониски) пристап и дескриптивниот (синхрониски) пристап. Од оваа основна дистинкција, пост-структуралистите често ја потенцираат историјата за да се анализираат дескриптивните концепти. На пример, делото на Mишел Фуко “Лудило и Цивилизација” содржи и историја како и проверка на културното однесување на лудилото. Темата на историјата во модерното време се поврзува со влијанијата на Фридрих Ниче.

Главните дела и концепти

Бартес и потребата од метајазик Иако многумина почувствувале потреба да со оди понатаму од структурализмот дефинитивно не постои концензус како да се направи тоа. Многу студии на пост-структурализмот се базираат на вообичаените критики на структурализмот. Роланд Бартес игра огромна улога во пост-структурализмот. Во неговото дело “Елементи на Семиологијата” (1967) тој го концептуализира метајазикот кој е јазик од повисок ред, па неопходно е да се објасни првиот или јазикот од понизок ред. Бартес изложува дека структуралистичкиот систем е регресивен и самата деконструкција е во опасност да стане метајазик при што сите јазици ќе бидат изложени на остро набљудување.

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com