Погледите на Крсте Петков Мисирков за Македонскиот литературен јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Настан од историско значење за остварување на идејата за посебен македонски литературен јазик е објавувањето на книгата За македонцките работи (Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков (1874 - 1926).
Во оваа книга тој ја определува својата национална програма и го разгледува прашањето за македонскиот литературен јазик.
Последната статија од оваа книга носи наслов Неколу збора за македонцкиот литературен јазик и претставува прв научно аргументиран и солидно поставен и разработен проект за кодификација на македонскиот јазик.
Мисирков тргнува од карактеристиките на македонскиот јазик, имајќи го предвид неговиот развој како јазик во семејството на словенските јазици и неговата функција во националното осознавање на македонскиот народ. Тој укажува на неопходноста од забрзан развој на македонскиот литературен јазик и на неговото издвојување како посебен јазик меѓу јужнословенските јазици.
Мисирков се определува за еден брз, антитрадиционален модел за решавање на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за македонскиот литературен јазик, главно, во три точки:
1. за основа на литературниот јазик ги зема центарлните говори (на линијата Велес - Прилеп - Битола - Охрид); 2. го поставува правописот врз фонетска основа, со мали отстапки пред етимологијата; 3. во лексиката вклучува елементи од сите македонски говори.
Со определбата за централните македонски говори, Мисирков инсистира на оние јазични карактеристики со кои македонскиот јазик најмногу се разликува од соседните словенски јазици.
Така во изговорот инсистира на:
испуштање на интервокалните в и х (чоек, жиот, дуот); антиципација на мекоста (ќ и њ :брајика, стаине, којн); групата шч (шчо, опшч); групите стр, здр (во сите случаи: стред, здрел); наставката -цки наместо -ски (македонцки).
Во македонската кирилица Мисирков воведува неколку нови графеми: и, к’, г’, н’, л’, со кои таа се разликува од другите кирилски писма.
Во лексиката и во зборообразувањето инсистира на народна лексика, и на живи зборообразувачки модели (благодреине).
Мисирков јасно ја определи дијалектната основа на македонскиот литературен јазик и теоретски ги изложи ставовите за неговото оформување.
Тие идеи претставуваа солидна основа за дефинитивното номинирање на макеоднскиот јазик и за неговото кодифицирање по втората светска војна во условите на македонската државност.