Нимфа
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Во грчката митологија, нимфа е член на голема група на женски ентитети на природата, врзани за одредена локација или во служба на некој бог или божица. Нимфите биле чести мети на завидливите сатири.
Според Walter Burkert, „Идеата дека реките се богови и изворите божествени нимфи има длабоки корени не само во поезијата, туку и во вербата и ритуалите; обожувањето на овие божества е ограничено само од фактот дека неразделно се идентификуваат со одредена локација.“ Нимфите се персонификации на кретивните и потхранувачки активности на природата, многу често идентификувани со моќта за дарување на живот на изворите. Во грчкиот јазик, зборот νύμφη меѓу другото, значи „невеста“ или „покриена со вел“, односно млада жена за мажење. Домот на нимфите е на планините и низините, покрај извори и реки, во долини и студени пештери. Тие често се поврзуваат со супериорни божества: ловџиката Артемида; пророкот Аполон; богот на виното Дионис.. Симболичниот брак на нимфата со патријархален водач, често епоним за луѓе, бескрајно се повторува во грчките митови.
[уреди] Класификација на нимфите
Различните видови на нимфи понекогаш се разликуваат според различните сфери на природата со кои тие се поврзуваат. Сепак, многу од овие разлики може да не постоеле во некое време туку да се измислени подоцна. Така, следната не е грчка класификација, туку едноставен модерен водич:
- Земјени нимфи
- Алсеиди (Alseids) (низини, долини)
- Напаеаи (Napaeae) (планински долини, долини)
- Аулониади (Auloniads) (пасишта)
- Леимакиди (Leimakids) (ливади)
- Ореади (Oreads) (планини, пештери)
- Минти (Minthe) (нане)
- Хеспериди (Hesperides) (градини)
- Аегли (Aegle) ("заслепувачка светлина")
- Аретуса (Arethusa)
- Еритеја :или Еритеис: (Erytheia или Erytheis)
- Хесперија :или Хеспериа: (Hesperia или Hespereia)
- Хеспера :или Хеспира: (Hespera or Hespere)
- Хамадријади (Hamadryads) (дрвја)
- Дријади (Dryads) (даб)
- Мелија (Meliae) (јасен)
- Лус (Leuce) (бела топола,јасика)
- Епимелијада (Epimeliad) (јаболково дрво)
- Водни нимфи
- Хелеади (Helead) (бара)
- Океаниди (Oceanids) (било каква вода, обично солена)
- Нереиди (Nereids) (Средоземно Море)
- Најади (Naiads) (обично слатка вода)
- Кринаи (Crinaeae) (извори)
- Лимнади :или Лимнатиди: (Limnades или Limnatides) (езера)
- Пегаеи (Pegaeae) (врутоци)
- Потамеиди (Potameides) (реки)
- Елејономеи (Eleionomae) (мочуришта)
- Дрвјени нимфи
- "Коријтски Нимфи" (Corycian Nymphs) (Класични Музи)
- Лампади (Lampades) (подземје)