Македонската емиграција во Бугарија меѓу светските војни
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
По Првата светска војна Бугарија и' припаѓал пиринскиот дел на Македонија со 6.798 км2 и со 250.000 жители Македонци од кои 96 % Македонци. Многу Македонци емигрирале во Бугарија, која ја користела нивната трагична положба за своите големобугарски интереси да завладее со Македонија.
Меѓу македонската емиграција во Бугарија дејствувале видни македонски револуционери. Бившите раководители на ВМРО, "Серчани", истрајале во одбраната на македонските интереси. Тие, организирани во Временото претставништво на поранешната ВМРО (Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов и др.), дејствувале со цел да ја придобијат светската јавност, истапувајќи на Париската мировна конференцијата со барање за создавање на самостојна македонска држава. Активноста на Претставништвото ги вознемирувало владејачките кругови во Бугарија кои го активирале врховизираниот Извршен комитет на македонските братства, кој истапувал пред меѓународните форуми против интересите на македонскиот народ. Македонските братства во Бугарија биле поларизирани. Дел од нив пројавиле значајна национално-културна дејност (Кукушкото, Гевгелиското и др.).
По војната дејствувала т.н. "автономистичка" ВМРО предводена од Тодор Александров, која, иако декларативно се изјаснувала за автономија на Македонија, се ставила во служба на врховизмот и бугарскиот двор. Прераснувајќи во терористичка организација, ВМРО му нанела голема штета на македонското национално-ослободително движење, вршејќи голем број политички убиства на видни Македонци (Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Тодор Паница и др.). Од нејзината терористичка активност се згрозувала и европската јавност. Врховистичката ВМРО во пиринскиот дел на Македонија прераснала во своевидна "држава во држава". Таа вршела терористички акции и во вардарскиот дел на Македонија. По убиството на Тодор Александров и доаѓањето на Ванчо Михајлов на чело на ВМРО, биле преземени бројни терористички акции и биле убиени голем број Македонци-патриоти и комунисти.
Меѓу македонската емиграција мошне активна била легалната илинденска организација, која ги издавала гласилата "Илинден", "Пирин" и др.
Во меѓувоениот период Македонците во Бугарија развиле интензивна национално-културна дејност. Биле издавани многубројни македонски весници ("Илинден", "Македонско знаме", "Македонски вести", "Обединист" и др.).
Од 1937 до 1940 год. во Софија би активен познатиот Македонски литературен кружок во кој членувале поетите Никола Јонков Вапцаров, Коле Неделковски, Антон Попов, Михаил Сматракалев и др. Членовите на Кружокот ги поставиле основите на современата македонска литература.