Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Историја на македонската цивилизација - Википедија

Историја на македонската цивилизација

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Благодарејќи на истражувањата од доменот на археологијата, археолошката лингвистика и, општо земено, од ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА, за последните 10 години е утврдена нова апсолутна хронологија за културниот континуитет на македонскиот народ и за најстарото живеење на Македонскиот Полуостров (Балканот).

Содржина

[уреди] Праисторија

Веќе не може да се оспорува фактот дека черепот на младиот човек (25 - 30 годишен), кој е пронајден во пештерата “Црвени Стени” близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво за Македонците дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 - 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 -240.000 г.п.н.е.Археолошката лингвистика за последните десет години презентирала повеќе писмени споменици од крајот на мезолитот и почетокот на неолитетот, кои се напишани на древен македонски јазик и со древни македонски азбуки (“јавна” и “тајна”), а со тоа во писмената традиција го осведочи најстариот супстрат за сите подоцнежни дериватни јазици и азбуки не само на Македонскиот Полуостров (Балканот), туку и пошироко во светот. Најстариот споменик на писменоста, кој е дешифриран со древно македонско гласовно писмо и е на древен македонски јазик е со старост од околу 13.000 - 11.000 г.п.н.е. или со вкупна апсолутна хронологија на континуираниот македонски јазик од околу 15.000 - 13.000 години и потекнува од пештерата Мас де Азил (Франција) од времето на условно наречената Голема македонска митолошка империја.Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш'пел (Дупјак) Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче - Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од ВИИ в.п.н.е. од Лемно во Егејско Море итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка - богиња на земјата и симбол на плодноста итн.Керамичкиот печат од “Церје” кај Говрлево близу до Скопје кој е пронајден во 1981 година, е непобитен доказ дека Македонската неолитска револуција ја создавале писмени, интелегентни и неверојатно рационални македонски луѓе, кои во времето на македонските “зетови” и “невести”, “тестови” и “тешти” од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот (7.000 - 6.000 г.п.н.е.), биле САМО СО БОГА или останувале насамо со БОГА да медитираат во периодот на зетувањето за севозможните филозофски аспекти на постоењето и развитокот на човекот и човештвото, на севозможната семантика во просторот, на единичното и заедничкото во космосот и светот, т.е. за култот на Сонцето и Космосот, за космогонијата и космологијата, за “вишите” и “нижите” науки во времето на “зетите”, “зетовците” и “зетувањето”. За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.)

Најстарите сведошта за архитектонските поединечни и групни волуменско - просторни композиции во вид на наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера, како и неолитските континентални и островски населени места на Древна Македонија го афирмираат големиот степен на развиток на македонската цивилизација. Светилиштата во вид на “Камени Столици” (“Долмени”) од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани - Скопско и комплексот од разновидни долмени од “Штерпа” близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од “Милисин” на подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се само непобитни праисториски сведоштва за континуитетот и разновидноста на материјалната култура на Македонија, чија територија била и долго време ќе остане привлечна за секој вид истражувачки работи и репер за проверка, споредба и ширење на другите светски цивилизации.Ваквиот македонски супстрат целосно го објаснува еволутивниот процес на македонската писменост, јазик и култура и овозможува да се објасни и степенот на материјалниот и духовниот растеж кој овозможил во историското време да се создаде, созрее и оформи во ИВ в.п.н.е.

[уреди] Антика

Големото македонско царство од времето на Филип ИИ Македонски (359 - 336 г.п.н.е.) и Александар ИИИ Македонски (336 - 323 г.п.н.е.) со територија од 3,8 милиони квадратни километри од Дунав до Северна Африка и од Јадран и Египет до Индија и Централна Азија со извонредната и незгасливата филозофија на синкретизмот за обединување на државите, народите, митологиите, боговите, обичаите итн., овозможувајќи да се шири на Исток и по целокупниот цивилизиран свет Големата македонска цивилизација, која перманентно се оплодувала со нови импулси. Тој македонски космополитизам најмалку 2336 години се шири, тлее и се распламтува независно од севозможните облици на притајување, приграбување, заборавање, присвојување, преиначување и приспособување од страна на подоцнежните цивилизации, империи, царства, држави и народи.

[уреди] Византија и средновековието

Вековите и годините што изминале не биле секогаш наклонети кон афирмацијата на Македонската Цивилизација.По македонската доминација со светот (336 - 30 г.п.н.е.), дури во периодот на Второто историско македонско царство (таканареченото Византиско Царство), големиот Македонец од Таор - Управда, Вистинијан, Истинијан или Јустинијан И (527 - 565 г.н.е.) во 529 и 534 година успеал да го кодифицира супстратот на македонското право, кое во вид на Јустинијанов Кодекс со 4652 укази мораше да најде своја плодна почва и во таканареченото Римско Царство во кое само се завршувале отпочнатите големи проекти на Древната Македонска Цивилизација. Големиот историчар, писател и просветител Т’рп Руен (567 г.н.е.) е само уште едно сведоштво за способноста на Македонецот да се враќа кон корењата на своето потекло, да го модифицира македонскиот супстрат на писменоста и да го оплоди семето на македонското историско памтење во развојот на писменоста и културата на човештвото пред големите семакедонски и сесловенски просветители Св. Кирил, Св. Методиј и Св. Климент.

[уреди] Видете исто така

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com