Издавачка куќа НАМ
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Издавачката куќа НАМ е основана во 1993 година, основна дејност е новинско-издавачката. Првичната идеја беше издавање едукативно-забавни списанија наменети за учениците по англиски јазик во основните и средните училишта.
Првите броеви од списанијата М&М и Kids излегоа во јануари 1994 година. Следната година во април 1995 излезе првиот број на тинејџерското списание ТАА. КОМПЛЕТНА беше следното издание на НАМ, а се појави во јануари 1997. На големото семејство, во август 2003 година му се придружи и списанието за архитектура и домување МОЈ ДОМ, единствено од таков вид во Македонија. Но, со оглед на тоа што интересите и желбите на читателите се неисцрпни се појави потребата од издавање на специјализирани списание за мажи - ТОЈ машки свет, чиј што прв број излезе во април 2004 година.
Во изминатите години тимот на издавачката куќа НАМ успешно реализираше повеќе проекти: избор на Elitе Model Look за Македонија 1996 година, Француска модна ревија на позната модна куќа Pret-а-Porter во 1997 година, грчка модна ревија во истата година, специјалните изданија на ТАА: ТАА љубов, ТАА матура, ТАА го сака Тоше, како и едицијата Modus in Rebus,со книгите Убави манири, Деловна култура и Секретарка со убави манири, кои до сега доживеаја по три изданија. Во издавачката куќа НАМ има 35 вработени, 15 во печатницата,а освен нив има и голем дел надворешни соработници, како и богата надворешна соработка со соработници од Америка,Холандија, Австралија и Франција. Издавачката куќа НАМ е секогаш отворена за соработка, за сите љубители на животот, пишаниот збор и естетиката.