ЕРајдери
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Оваа статија е за поимот „eRiders“. За други значења на овој поим, видете ERider
еРајдери (од анг. еЈавачи) се мобилни консултанти што обезбедуваат техничка поддршка за граѓанските организации за оптимално искористување на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) како средство за поефикасно извршување на активностите и остварување на нивната мисија и цели.
Електронските јавачи се индивидуалци или мали групи кои волонтираат или работат во одредена област и имаат посебни практични способности и вештини, вклучувајќи ги тука информатичката технологија и способностите за советување и планирање.
Ерајдерите патуваат и ги посетуваат граѓанските организации помагајќи им при креирање на веб-сајтови, користење на интернет, креирање на е-мрежи и решавање на тековните проблеми од областа на ИКТ. Тоа им помага на оганизациите да ја пренесат својата порака, да ги анимираат граѓаните за учество во јавни дебати на релевантни теми, коалицирање и подобра помош за заедницата.
за работата на еРајдерите во Македонија можете да прочитате на блогот еРајдери Македонија
Повеќе информации за глобалното еРајдерство можете да најдете на веб сајтот на глобални еРајдери