ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Државен музичко-балетски училишен центар (ДМБУЦ или МБУЦ) „Илија Николовски-Луј“
Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје, основан 1945 година, е училиште од посебен интерес за државата. Во него се образуваат кадри од музичката и балетската уметност и како единствен центар од ваков вид тој претставува јадро од кое произлегуваат идните музички и балетски уметници и педагози, кореографи, диригенти, композитори и други музички и балетски културни дејци.
Центарот е поделен на основно и на средно образование. Дејноста во основното музичко и балетско образование се одвива во две насоки: масовно ширење на музичката и балетската култура и професионално насочување на учениците од основниот оддел кон средното насочено образование. Во основното музичко и балетско образование се опфатени ученици од градските и приградските населби на Скопје. Во средното образование се образуваат кадри од образовните профили: музичар-изведувач, музичар теоретичар, балетски играч - балерина и фолклорен играч. Во средно образование се опфатени ученици од различни градови на Република Македонија. Образовниот профил музичар изведувач ги опфаќа следниве професии: пијанист, виолинист, виолист, виолончелист, контрабасист, гитарист, харфист, флејтист, обоист, кларинетист, саксофонист, хорнист, тромбонист, фаготист, трубач, соло пејач, хармоникаш, изведувач на ударни инструменти.