Дипломатско претставништво
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Дипломатско претставништво претставува постојан задграничен државен орган за надворешни односи, а воедно и официјален постојан државен орган за реализација на дипломатската дејност. Тоа ја претставува својата држава (по сите прашања) на територијата на туѓа држава, и поддржува официјални односи со таа држава како и со другите дипломатски претставништва во таа држава. Дипломатското претставништво релативно доцна се утврдува како постојан институт за дипломатски односи. Во пракса тоа станува реалност некаде околу 16 - 17 век иако како институт бил познат и многу порано. Дипломатските претставништва се два вида: посолства и легации. Посолствата се повисок степен на дипломатски претставништва. Кога меѓу две држави постојат односи на кои што им се придава поголемо значење, тогаш се основува посолство. На чело на посолството стои раководител - амбасадор (амбасадорите на Ватикан се нарекуваат нунциј). Легациите се вториот вид на дипломатски претставништва и се од понизок степен (се смета дека меѓу содветните држави не треба да се основаат посолства). Раководителите на легациите се полномошни министри т.е. лица со понизок клас од испратениците. Но независно од својот вид (посолство или легација) функцијата им е иста. Функцијата на претставништвото се определува според меѓународното право (Виенската Конвенција за дипломатски односи) и од внатрешното право на државата која што ја претставува. Според Виенската Конвенција основните функции на дипломатското претставништво се пет, и тоа:
- претставителна
- заштитна
- преговорна
- информациска
- пријателска