Глава (инструмент)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Главата е дел од гитара или некој сличен жичан инструмент. Главната функција на една глава е да ги држи жиците на инструментот. Жиците одат од кобилицата, преку вратот и вообичаено се фиксирани на штимерите на главата. Штимерите се користат за штимање на гитарата со подесување на затегнатоста на жиците, и последователно, висината на звукот кого го произведуваат.
Содржина |
[уреди] Детали за конструкцијата
Два традиционални распореди на штимерите се наречени „3+3“ (3 горни штимери и 3 долни) и „6 во линија“ штимери, иако постојат многу други комбинации, особено за бас гитари и гитари кои не се шест-жичани. Кога не постојат штимери (на пример, штимерите не се потребни или се лоцирани на друго место, на пример, на телото на гитарата), главата на гитарата може целосно да е изоставена, како во гитарите Steinberger или на некои модели на чапманов стик.
Главата може да биде изработена одделно и залепена за вратот користејќи некој тип на зглобови. Постојат два големи трендови во конструкцијата на глави, базирани на тоа колку далеку заминува шицата по минувањето на крајот на вратот. Поволностите и неповолностите на двата тренда се многу дискутабилни и сујбективни, па затоа се користат овие две варијанти:
- Правите глави формираан една рамнина со рамна површина на вратот (и на делот за свирење). Ова ги прави вратот и главата полесни за изработување, бидејќи тие може да бидат изработени од едно парче дрво. Fender вообичаено користи незааглени, прави глави.
- Зааглените глави формираат некој тип на остар агол со површината на вратот. Вредноста на „магичниот агол“ (наречен косина на главата) која ги дава најдобриот тоналитет и стабилност е многу дискутабилна, но вообичаено се наоѓа помеѓу 3° до 25°. На пример, разни производители и специфични модели на гитари користат:
- Гитари
- 4°: Guild
- 11°: Martin [1]
- 12°: Bigsby [2], Yamaha SGV [3]
- 13°: Peavey [4], Warmoth
- 14°: Gibson Firebird V [5] и VII [6], Gibson X-plorer [7], некои vintage Gibson гитари [8], Washburn [9], повеќето budget Epiphone реплики на Gibson модели [10]
- 17°: Gibson ES-335 [11], Gibson Les Paul [12], Gibson SG [13], Epiphone Casino [14]
- Басови
- Гитари
Лутиерите од двата стила често како предности ги наведуваат подобриот звук, подолгиот сустејн и подолгото време кое што жиците остануваат наштимани. Кршливата конструкција се наведува како недостаток на секој стил исто така: вратовите од еден дел се поподложни на кршење на случаен удар и се потешки за поправка, додека пак залепените вратови може да се скршат со тек на времето.
Покрај нејзината главна функција, главата е важен декоративен детал на една гитара. Тоа е местото каде што огромното мнозинство од производителите на гитари го цртаат своето лого. Некои гитари без штимери (на пример, оние опремени со Floyd Rose Speedloader) имаат глава чисто поради декоративни причини.
[уреди] Заштитни контури на глави
![Глава на гитара од серијата ARTCORE на Ibanez](../../../upload/shared/thumb/5/5e/Ibanez_Artcore_headstock.jpg/180px-Ibanez_Artcore_headstock.jpg)
Сите поголеми производители на гитари имаат заштитни глави кои ги прават нивните гитари или гитарски серии лесно препознатливи. Непишан етички закон на гитарска индустрија го дозволува копирањето на дизајни на целото тело, но ниту една голема фирма не ги копира дизајните на главите. Како што се гледа во подолниот дел, дури „копираните“ на прв поглед имаат јасно видливи разлики во димензиите, пропорциите на елементите и слично, па така скоро секогаш е возможно да се погоди името на производителот само од изгледот на главата.
[уреди] Глави во Fender форма, 6 во линија
[уреди] Класични 3+3 глави
[уреди] Остри глави, 6 во линија
Ibanez „остра“ глава, се користи на повеќето електрични гитари во рок стич |