Внатрешна меморија
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Внатрешна меморија
Податоците се претставуваат во бинарна форма, односно со цифрите на бинарниот систем 0 и 1 што се нарекуваат битови (ознака b, анг. bit). За полесна работа со податоците се користат групи од битови. Група од 8 бита се нарекува бајт и се означува со B (анг. Byte). Групи од 2, 4 или 8 бајти формираат збор.
Големината на меморијата што ја зафаќаат податоците се изразува во бајти или во поголеми единици од бајтот, а тие се: килобајт (1КВ=1024В), мегабајт (1МВ=1024КВ), гигабајт (1GB=1024MB), терабајт (ТВ=1024GB).
Внатрешната меморија (главна, работна, оперативна) се состои од мемориски локации од кои секоја има единствена адреса. Внатрешната меморија ја содржат:
ROM (анг. Read Only Memory) – меморија која може само да се чита. Нејзина важна особина е тоа што нејзината содржина не се губи со исклучување на персоналниот компјутер од електричната мрежа. Во неа се сместени програми што се извршуваат веднаш по приклучувањето на компјутерот и овозможуваат тој да се доведе во работна состојба, а потоа имаат голема улога во контролата на компјутерот и во протокот на податоци низ него. Тие програми го сочинуваат т.н. BIOS (анг. Basic Input/Output System).
RAM (анг. Random Access Memory) – меморија од која може да се чита и во која може да се запишува. Податоците во неа слободно можат да се запишуваат, да се бришат и да се преместуваат од едно место на друго. Со прекинување на напојувањето на персоналниот компјутер со електрична енергија, сите податоци што се наоѓаат во оваа меморија неповратно се губат. Затоа, за трајно чување на податоците, истите се запишуваат на надворешната меморија на компјутерот. Постојат два вида RAM-меморија: динамичка RAM (анг. Dynamic RAM - DRAM) и статичка RAM (анг. Static RAM - SRAM). Статичката RAM е многу помала од динамичката и затоа кога се зборува за RAM се мисли на динамичката RAM. Статичката меморија се нарекува и кеш-меморија (анг. CACHE memory), а се користи за привремено сместување на помали количини податоци заради побрз пристап до нив.