Владимир Димов
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Владимир Димов е роден на 17 септември 1956 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во 1982 година, каде докторирал во 1997 година. Специјализирал општа хирургија на Клиниката за хируршки болести при Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од 1984 до 1988 година и супспецијализација по дигестивна хирургија во 1991 година.
Во периодот од 1991 до 1992 година престојувал на стручни едукации и тренинзи на медицинскиот факултет во Белград, на Универзитетот во Илиноис во САД, и во Тренинг центарот за лапараскопска хирургија во Хамбург СР Германија. Добил и диплома за Визитинг научен соработник на Универзитетот во Чикаго. Зборува англиски и германски јазик.
Од 2002 година до сега ги извршува функциите заменик директор на Клиничкиот центар во Скопје и директор на Хируршките и ортопетски дејности во Клиничкиот центар.
Претходно, во периодот од 1997 до 1999 година бил директор на Клиниката за дигестивна хирургија, а од 1989 до 1997 шеф на повеќе оддели на истата Клиника. Од 1983 до 1988 година бил помплад асистент и асистент по предметот Општа хирургија.
Во 2003 година Димов е избран за вонреден професор по предметот хирургија. Член е на Македонското лекарско друштво, на Здружението на хирурзите, на Секцијата на дигестивни хирурзи и на Лекарската комора на Македонија. Тој е почесен член на Асоцијацијата на бугарски хирурзи, на Здружението на хирурзи на Србија и Црна Гора, а член е и на Бордот на ЕУРОСУРГЕРС, на Бордот ЕАЦСС со седиште во Брисел, чиј актуелен потпретседател е во моментов.
Димов е автор на повеќе стручни и научни трудови од полето на дигестивната хирургија.