Вирцбург
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вирцбург (на германски Würzburg) е град во регионот Франконија кој лежи во северниот дел на Баварија, Германија. Се наоѓа на реката Мајна и е седиште на административниот регион Долна Франконија. Регионалниот дијалект во Вирцбург е франконскиот.
Вирцбург се наоѓа на од околу 80 минути патување со воз од Франкфурт на Мајна и околу еден час од Нирнберг. Оддалеченост на најблиските градови преку автопат: Франкфурт 115 км, Нирнберг 115 км, Штутгарт 150 км, Касел 215 км.
Вирцбург не е вклучен во областа Вирцбург, но е нејзино административно седиште. Има население од околу 129,000 (според пописот од 2004).