Брама
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Брама е еден од трите богови на Хиндуистичкото свето тројство (Брама, Вишну и Шива). Во согласност со Пураните, Брама е самосоздаден од лотус што расте од папокот на богот Вишну. Брама многу често може да биде помешан со “Браман“, назив кој Хиндуистите го користат за севишниот универзален космички дух. Според верувањата на Хиндусите, Брама е творецот, оној што го створил светот и сите живи суштества. Традиционално е опишан со четири глави и четири раце.