Битолски натпис
Од Википедија, слободна енциклопедија
Оваа страница е заштитена од понатамошни измени додека содржината на текстот не се разреши на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, кликнете на врската историја.
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Таканаречениот Битолски натпис или Битолска плоча е откриен во текот на 1956 год. во битолската Чауш-џамија, а денес се наоѓа во Историскиот Музеј во Битола.
Плочата содржи кирилски натпис и неговата содржина е следната:
„Во 6523 година од создавањето на светот [1015-1016] се обнови оваа тврдина sидана и правена од Јоан [цар] на бугарското (блъгарьскаго) царство и со помош и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застапувањето на врховните апостоли таа тврдина беше направена за засолниште и за спасување и за животот на Бугарите (Блъгаромь). Започната беше тврдината Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој цар беше Бугарин (Блъгарїнь) по род внук на благоверните Никола и Рипсимија, син на Арон, кој е брат на самодржавниот цар Самуил и кои двајца ја победија во Штипон грчката војска на цар Василиј каде беше земено злато ... а овој в ... цар е победен од цар Василиј во 6522 година од создавањето на светот во Клуч и почина во крајот на летото."
Литература
- Заимов, Йордан. Битолският надпис на цар Иван Владислав, самодържец български, Епиграфско изследване, София 1970.
- Радмила Угринова - Скаловска, Битолската плоча, Записи и летописи, Скопје 1975.