Атанас Бадев
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Атанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 - Софија, 21 септември 1908) е македонски композитор, хорски и музички теоретичар, еден од првите професионално школувани македонски композитори. Студирал математика во Универзитетот во Одеса, а музика најпрвин во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај М. Балакриев и Н. Римски Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражува и собира македонската народна музика, потоа е наставник по музика и хорски диригент во Солун, Русе, Самоков и Ќустендил.
Посебно е значајна работата на на Бадев врз проучувањето на македонскиот музички фолклор. Од неговата студија Нотна тетратка може да се заклучи дека Бадев е еден од првите теоретичари којшто има укажано на постоењето на сложени, асиметрични метрички групации во македонската народна музика:
-
-
-
-
-
-
-
- 7/8 (4+3); 9/8 (2+3+4); 11/8 (3+2+2+2+2)
-
-
-
-
-
-
На првиот музички конгрес во Софија, во 1904, Бадев поднесува и реферат за метричко-ритмичките карактеристики на македонскиот фолклор (За фолклорот и неговите особености во Македонија). Тоа е прв приказ од овој вид за македонската музика.
Компонирал главно вокални дела, световни и духовни. Зачувани се само свеската Упражнения по черковното пениеи Златоустова литургия, печатена во 1898, од која посебно се изделуваат ставовите: >>Иже херувими<<, >>Јако да царја<<, >>Хвалите Господа с небес<< и >>Христос воскресе<<. Тоа дело, пишувано под влијанието на руската духовна музика, сведочи за еден талентиран творец, полн со фантазија и за она време голем мајстор на хорскиот слог како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.