Астибо
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Според Tabula Peutingeriana (Табула Појтингеријана) (од крајот на IV век) прва станица на античкиот пат Стоби – Пауталија (Ќустендил) – Сердика (Софија) е населбата Астибо лоцирана до самата река која го носела истоименото име.
Астибо бил урбана градска населба која егзистирала во раноримскиот период од I-III век. Теренот на кој била лоцирана населбата претставува централна позиција на просторот по средниот тек на реката [[Брегалница] со широки видици кон коритата на реките [[Брегалница] и Отиња ако и Овчеполскиот и Лакавичкиот регион.
Градската населба ги зафаќала стариот дел од денешниот град Штип, Стар Конак и локацијата Исар.
Од многубројните материјални остатоци од античкиот Астибо како најкарактеристични се обработените мермерни блокови, столбови и капители, како и друга архитектонско декоративна пластика од античките храмови. Особено значајни наоди се фрагментираните мермерни скулптури од грчко-римскиот пантеон, војнички и коњанички статуи, мермерна глава на млад човек и портрет на постар човек.
Астибо својот највисок домет го достигнува при крајот на 2 и првата половина на 3 век. Во втората половина на 3 век варварските племиња, особено Готите во 268 и 269 година продираат од север и ги пустошат населбите и градовите. Во овие уривачки налети страдал и градот Астибо.
Континуитетот на живеење на овој простор сепак не е прекинат. Населбата егзистирала и во доцноантичкиот и рановизантискиот период под името Стипион, а во средниот век го добива словенското име Штип.