Архангел Гаврил - композиција „Благовештение“
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Оваа икона која заедно со иконата "Богородица", ја сочинува композицијата ,,Благовештение"), потекнува од 11 век, додека оковот помеѓу 1108 - 1120 година. Оковот е од позлатено сребро, сликана е со темпера на штица, а димензиите и се 111,5 x 67 cm. Првобитно и припаѓала на црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент) во Охрид. Денеска се наоѓа во Галеријата на икони, Охрид.
Содржина |
[уреди] Состојба
Во долната половина на иконата тешки оштетувања поради отпаѓање на гипсениот грунд заедно со боениот слој. Левата нога и дел од хитонот и химатионот се наполно уништени.Во средината, по вертикала, постои пукнатина околу кој отпаднал грундот. При поставувањето на оковот делумно се уништени натписите со боја испишани врз фонот на иконата.Оковот, исто така, е тешко оштетен. На горниот дел од рамката се уништени скоро наполно трите медалјони. Долниот дел од рамката, како и делови од левиот и десниот долен агол на оковот, наполно се уништени. Два од ангелите Господови се со уништени глави. Основниот носач, штицата, е распукнат на повеќе места. Кај неколку фотографии на иконата направени по Втората светска војна, видлив е метален ореол. Подоцна се губи трагата и на ореолот.
[уреди] Иконографија
Во основата на сижето се наоѓа текстот на евангелистот Лука (Евангелие на Лука, гл. I, 26-38). Композицијата "Благовештение" е изведена на две посебни паноа-икони. На првата е претставен архангелот Гаврил, во цел раст, во движење, што го покажуваат лесно подигнатото стапало на десната нога и кренатата рака, со кој архангелот благословува.
Во монументално предадената композиција, Богородица е насликана седната на низок престол без наслон. Во левата рака држи пурпурно клопче, а во десната вретено. Со лесно наведнатата глава таа ја оддава врската со архангелот Гаврил, кој и ја соопштува благата вест.
[уреди] Потекло
Кон кој црква или верска установа припаѓале овие икони, не е познато. Нивните димензии покажуваат дека се работи за поголем објект на чиј што иконостас тие би можеле да бидат поставени. Во XI век, во Охрид, таков објект била црквата Св. Софија, или архиепископската резиденција.
Фактот што низ вековите врз иконите не се наталожи подебел слој прав и саѓи наведува на помислата дека иконите биле поставени во голем објект или пак, што е уште поверојатно, во некоја од просториите на архиепископската резиденција, каде што не биле изложени на поголема концентрација на саѓи од свеќи и кандила. Зачувувањето на металните окови, исто така, зборува во прилог на претпоставката дека иконите можеби се наоѓале во архиепископското седиште, дотолку повеќе што е познато дека “Благовештение“ се појавува на еден мливдул од периодот на XIV век, на кој е испишано името на архиепископот Прва Јустинијана Григориј.
[уреди] Конзервација
Во лабораторијата на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата е извршено чистење и конзервирање на иконите. За време на конзервацијата се симнати оковите и на двете икони. Така, кај иконата на архангелот Гаврил се откриени натписисте изведени со боја врз фонот на иконата. Подоцна, при монтирањето на оковите, морало да се направат лежишта за емајлните плочки, на кои била испишана сигнатурата, со оглед на тоа дека имало на две места по три плочки во лента. Со боја испишаните сигнатури под нив биле доста оштетени, но не толку да не бидат читливи. При чистењето на Богородичната икона не е симнат слојот од пресликувањето на хитонот и химатионот.