Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Сапармурат Нијазов - Википедија

Сапармурат Нијазов

Од Википедија, слободна енциклопедија

Сапармурат Нијазов „Туркменбаши“

Ред Прв претседател
Претседател од 21 јуни, 1991
Претходник Мухамед Гапусов
Наследник сеуште нема
Роден/а на 19 февруари, 1940
Ашхабат
Политичка партија Демократска Партија на Туркменистан
Сопружник (непозната, се мисли дека има две деца со жената)

Сапармурат Атаевич Нијазов (туркменистански: Saparmyrat Ataýewiç Nyýazow) (роден на 19 февруари, 1940) е најмоќниот човек во Туркменистан од 1985. Нијазов е познат како Сердар Сапармурат Туркемнбаши Велики или само Туркменбаши.

Нијазов е еден од најавторитативните диктатори во светот кој своите лични ексцентричности ги наложува на државно ниво, иако во земјата многу луѓе го сметаат за голем водач на нацијата.

Содржина

[уреди] Лична историја

Од рана возраст Нијазов бил сирак бидејќи татко му умрел борејќи се против Германците во Втората Светска војна, а остатокот од неговото семејство загинало во големиот земјотрес во Ашхабат во 1948. Пред да се пресели во домот на еден далечен роднина, тој бил воспитуван во советски дом за сираци. Во 1962 Нијазов се зачленил во Комунистичката Партија каде бргу напредувал, и дошол на чело на Комунистичката Партија на Туркменистан (подоцна Демократска Партија на Туркменистан) во 1985 по симнувањето на претходниот генерален секретар, Мухамед Гапусов од страна на советскиот лидер Михаил Горбачов заради малверзации со памук. Нијазов, како лидер на КПТ го поддржувал пучот против Михаил Горбачов во 1991 и успеал да ја задржи власта во земјата и по распадот на СССР. Тој станал првиот и до сега единствениот „претседател“ на Туркменистан.

На 22 октомври, 1993 Нијазов се самонарекол Туркменбаши, што значи „Водач на сите етнички Туркменистанци“ по примерот на Кемал Ататурк. На 29 декември, 1999 Нијазов бил прогласен за Доживотен претседател од страна на владата.

[уреди] Култ кон личноста

Нијазов е авторитативен лидер кој го негува култот на неговата личност. Бидејќи верувал дека Туркменистанцџите се нација без национален идентитет, тој се обидува одново да ја изгради земјата по негова визија. Нијазов го преименувал градот Красноводоск на Каспиското море во Туркменбаши по самиот себе. Исто така тој преименувал и неколку училишта, аеродроми, па дури и еден метеорит по неговото и имињата на членовите од неговото семејство. Ликот на Нијазов стои на сите банкноти, а негови големи портрети се закачени насекаде, особено на јавни места како дрвореди и плоштади. Низ цел Туркменистан стојат статуи од него и неговата мајка, меѓу кои и онаа во средината на пустината Кара Кум како и позлатена статуа на врвот на највисоката зграда во земјата, Арката на неутралноста, која постојано ротира за постојано да биде свртена кон сонцето и да го капе градот во зраци. Нијазов исто така има нарачано огромна палата во престолнината за да го одбележи своето владеење. Истиот е пет пати наградуван како народен херој. Нијазов на ова се изјаснува: Јас сум лично против сиве овие слики и статуи, но така сака народот.

Образовниот систем го индоктринира младиот Туркменистанец да го сака Нијазов, со тоа што неговите дела и говори ја сочинуваат голем дел од содржината на книгите. Главниот текст е национален еп напишан од Нијазов наречен Рунама или Книга на душата. Оваа книга е збир од ревизионистичка историја и морални [наравоучение|наравоученија] и е предвидена како „душевен водич на нацијата“ и основа за туркемнистанската уметност и литература. Со тоа што сите книги од советскто време се забранети, а нови не се внесени, библиотеките содржат речиси исклучиво дела од Нијазов. Во 2004, диктаторот наредил да се затворат сите селски библиотеки бидејќи тој сметал дека селаните и така не читаат. Во родното село на Нијазов Кипчак, изграден е комплекс во чест на Нијазовата мајка кој вклучува и џамија (проц. на $100 милиони) обмислен како симбол на преродбата на туркменистанскиот народ. На ѕидовите на зданието се напишани разни правила од Рунамата како и со сури од Коранот.

[уреди] Внатрешна политика

[уреди] Култура

Покрај тоа што Нијазов се става во центарот на туркменистанската култура, тој се труди да ја промовира во светот и да ја исчисти од секакви руски влијанија. Една од поголемите реформи е воведувањето на туркменистанска азбука врз основа на латиницата и ја отфрлил постоечката кирилица. Нијазов исто така ги преименувал месеците и деновите во неделата по народни херои и симболи во Рурамата. Според новиот календар, месецот јануари е наречен „Туркменбаши“. Тој исто така има предложено градење на нови светски чуда во Туркменистан; овие би биле ледена палата во август 2004 и голема зоолошка градина во септември 2005. Ниеден од овие проекти не се остварил.

[уреди] Безбедност

По наводниот обид за атентат врз Нијазов на 25 ноември, 2002, властите почнале да апсат огромен број на осомничени со нивните семејства. Некои критичари велат дека ова било режирано за да се обвини политичката опозиција во земјата и во странство.

Во летото 2004 во Ашхабат се случила кампања со летоци кои повикувале на соборување на Нијазов и негово судење. Властите не можеле да се справат со ситуацијата и Нијазов како одговор на ова го отпуштил неговиот министер за внатрешни работи и директор на полицската академија јавно на телевизија под обвинение дека бил некомпетентен да се справи со криминалот.

[уреди] Јавно здравство

Во 2004 Нијазов отпуштил 15,000 медицински лица и ги заменил со воени резервисти. По ова на 1 март 2005 наредил да се затворат сите болници вон Ашхабат. На 28 февруари, 2005 изјавил: Зошто да си ги трошиме специјалистите по селата кога тие треба да работат во престолнината?

[уреди] Надворешна политика

Нијазов е главниот залагач за уставната неутралност на Туркменистан. Со неговата политика, Туркменистан не учествува во никакви воени алијански и пактови, ниту е дел од мониторинг силите на Обединетите Нации.

Во 2005, Нијазов изјавил дека неговата земја ќе ги намали односите со Заедницата на независни држави; а ветил и слободни и фер избори до 2010, нешто што ги зачудило западните критичари.

[уреди] Претседателски декрети

Како доживотен претседател на Туркменистан, Нијазов има издадено повеќе необични декрети:

  • забрана за спикерите да се шминкаат бидејќи Нијазов имал потешкотии да разликува маж од жена.
  • забрана за плејбек пеење.
  • во декември, 1999 - на секој ученик, студент, војник и офицер да му се додели часовник со сликата на претседателот Нијазов за Нова Година.
  • во април, 2001, забрана на балетот операта, бидејќи Нијазов смета дека тие „не се дел од Туркменистанската култура“.
  • во 2001, забрана за младичите да носат бради и долги коси.
  • во јуни, 2001, недржавјани на Туркменистан мораат да платат $50,000 доколку сакаат да се оженат со Туркменистански државјани.
  • во 2002 Нијазов го преименувал лебот од постоечкото име чорек кој е изворен туркменистански збор, во Гурбансолтан еџе по неговата мајка.
  • во август 2002 Нијазов ги редефинирал фазите во животот со што адолесценцијата трае до 25, а староста започнува на 85 (објаснето подолу.)
  • во 2004 - како дополнение на возачката дозвола секој возач мора да положи тест за моралитет.
  • во март 2004 - отпуштање на 15 000 здравствени работници во јавните установи
  • во април 2004 Нијазов ги посоветувал младите дека не треба да ставаат злато или забни навлаки во вилицата, туку треба да џвакаат коски за да им бидат здрави забите
  • во февруари 2005 Нијазов наредил да се затворат сите болници вон Ашхабат со објаснение дека кој е болен треба да може да дојде во главниот град; Нијазов исто така ги затворил и сите селски библиотеки во Туркменистан од причина што „обичниот Туркменистанец и така не чита книги“.
  • во ноември 2005 Нијазов им наредил на лекарите да се колнат во него, а не во Хипократовата заклетва.
  • во декември 2005 Нијазов ги забранил видео игрите како многу насилни.
  • во јануари 2006 руските медиуми објавиле дека Нијазов им ги укинал пензиите на 1/3 од пензионерите и им ги намалил на другите 2/3, а згора на тоа и побарал од сите нив да ѝ ги вратат на државата сите пензии што ги примиле во последните 10 години. Ова резултирало во смртта на многу пензионери, бидејќи оскудните пензии им биле единствениот приход. Туркменистанските власти велат дека овие обвиненија се невистинити и имаат за цел да ја зацрнат туркменистанската влада.

[уреди] Фази во животот според Нијазов

  • Детство: 0 - 12 години
  • Адолесценција: 13 - 24
  • Младост: 25 - 36
  • Зрелост: 37 - 48
  • Пророштво: 49 - 60
  • Инспирација: 61 - 72
  • Мудрост: 73 - 84
  • Старост: 85 - 96
  • Огузканство: над 97 години

Огузкан бил основачот на туркменистанската нација кој живеел 109 години.

[уреди] Споменици на Нијазов

[уреди] Надворешни врски

Претходник:
Мухамед Гапусов
Генерален секретар на Комунистичката Партија на Туркменистан
1985 – 21 јуни, 1991
Наследник:
Нема (Поништена функција)
Претходник:
Нема (Создадена фукција)
Претседател на Туркменистан
21 јуни, 1991 – денес
Наследник:
сеуште нема
THIS WEB:

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - be - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - closed_zh_tw - co - cr - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - haw - he - hi - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - ru_sib - rw - sa - sc - scn - sco - sd - se - searchcom - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sq - sr - ss - st - su - sv - sw - ta - te - test - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tokipona - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007:

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - be - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - closed_zh_tw - co - cr - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - haw - he - hi - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - ru_sib - rw - sa - sc - scn - sco - sd - se - searchcom - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sq - sr - ss - st - su - sv - sw - ta - te - test - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tokipona - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia 2006: