JavaScript
Од Википедија, слободна енциклопедија
JavaScript е производ на Netscape, и претставува скриптен јазик кој е објектно ориентиран, со можност да се извршува на повеќе хардверски и софтверски платформи. JavaScript е мал и едноставен јазик, кој се користи во комбинација со други продукти и апликации, како на пример веб прелистувач (анг. web browser). Вгнезден во соодветен продукт, JavaScript може да се поврзе со објектите во неговата околина и да овозможи програмска контрола над нив. Основата на JavaScript јазикот се состои од основно множество на објекти, како што се Array, Data и Math, основно множество на елементи на јазикот како што се операторите, контролните структури и искази. Основата на JavaScript може да се проширува во зависност од потребите со додавање на дополнителни објекти; пример:
- Client-side JavaScript врши проширување на основата на јазикот со додавање на објекти за контрола на веб прелистувачот (Navigator, MS Internet Explorer или некој друг веб прелистувач) и Document Object Model објектот. На пример овие објекти овозможуваат да се додаваат и контролираат елементите од HTML формата или да се одговори соодветно на акциите на корисникот (клик на глушец, пишување во поле, или пак навигација низ страната).
- Server-side JavaScript врши проширување на основата на јазикот со додавање на објекти одговорни за извршување на JavaScript на серверска страна. На пример: овие објекти овозможуваат комуникација со релациона база на податоци, обезбедуваат континуитет помеѓу две сесии или пак разменуваат податоци помеѓу две или повеќе различни апликации, или вршат некаква манипулација на податотeки сместени на серверот.
JavaScript во комбинација со некои други технологии успешно се користи за изработка на AJAX апликации.
[уреди] Надворешни врски
- JavaScript home page at mozilla.org.
- References for Core JavaScript versions: 1.5
- New in JavaScript: 1.7, 1.6
- List of JavaScript releases: versions 1.0 - 1.7
- Innovators of the Net: Brendan Eich and JavaScript (Marc Andreesen, Netscape TechVision, 24 June 1998)
- Brendan Eich and JavaScript (about.com)
- Brendan's Roadmap Updates: JavaScript 1, 2, and in between - the author's blog entry
- comp.lang.javascript FAQ Official FAQ for the comp.lang.javascript Usenet group