Чашка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Чашка е село и седиште на истоимената Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Чашка |
Општина: | Општина Чашка |
Население: | 1425 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 240 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Чашка е рамничарско село и лежи на надморска височина од 240 метри, од десната страна на реката Тополка. Од градот Велес е оддалечена 15 километри и претставува железничка станица на пругата Велес - Прилеп - Битола.
[уреди] Историja
Развојот на Чашка започнува во времето на изградбата на железничката пруга Велес - Прилеп - Битола во триесеттите години на ХХ век.
Поголем разој селото бележи по Втората светска војна, кога поради својата специфична местополжба и близина до градот Велес во него се доселуваат голем број на жители од околните села. Во текот на шеесетите и седумдесетите години на ХХ век во селото се изградени повеќето инфраструктурни и стопански објекти.
[уреди] Економија
Чашка е стопански многу активно село. Главно селото има полјоделска функција поради самата местоположба (алувијална рамнина на реката Тополка). Најмногу се одгледува пченица, пченка, јачмен, тутун, грав, зелка, домати и други градинарски култури. Во помала мера застапено е и сточарството особено одгледувањето на овци и крави. Во поново време се бележи голем пораст и подем на трговската дејност, а работат истотака и две фабрики .
[уреди] Демографија
Чашка бележи константно голем пораст на своето население од 501 жители во 1961 година, 1346 жители во 1994 година, на 1471 жител во 2002 година од кои:
- Македонци 1425
- Срби 44
- Останати 2
Порастот на населението пред се се должи на доселувањето на луѓе од околните села и селата во областа Азот поради самата местоположба на Чашка, која има функции на помало градче. Истотака порастот на населението се должи и на големата стапка на новородени деца.
[уреди] Општествени институции
Во селото работат осумгодишно основно училиште, црква, пошта, амбуланта, ветеринарна станица. Истотака има и споменик посветен на НОБ.
[уреди] Администрација и политика
Чашка претставува седиште на истоимената Општина Чашка.