Тубинген
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тубинген е традиционален универзитетски град во Баден-Виртемберг, југозападна Германија. Тој е сместен на 20 милји (60 километри) југозападно од Штутгарт, на рид помеѓу двете реки Некар и Амер.
Еберхард Карлс Универзитетот во Тубинген датира од 1477 година, со што тој е еден од најстарите во Германија. Самиот град Тубинген датира од VI век или VII век, официјално појавувајќи се во 1191 година. Неговото име завршува со познатата наставка "инген", што укажува дека градот бил првобитно населен со германски племиња.