Теово
Од Википедија, слободна енциклопедија
Теово е село во Општина Чашка, во областа Азот околината на градот Велес.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Теово |
Општина: | Општина Чашка |
Население: | 189 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 260 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото Теово се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна на територијата на Општина Чашка, на 30 километри оддалеченост од градот Велес во источниот дел на областа Азот. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 260 метри. Теово е стојалиште на пругата Велес - Битола.
[уреди] Историja
Селото Теово како населено место е многу старо. Се претпоставува дека потекнува од периодот уште пред доаѓањето на Турците на Балканот, за што сведочат повеќе рушевини од стариот манастир и куќи на ридовите јужно од селото. Пред да биде на денешното место, Теово било сместено на ридовите на околу 400 метри оддалеченост, јужно од денешната местоположба на селото.
[уреди] Економија
Теово има мешовита земјоделска функција судејќи по застапеноста на земјиштата во неговиот атар кој зафаќа површина од 27,9 км² (обработливо земјиште 785 ха, пасишта 1000 ха, шуми 825 ха). Од земјоделските култури најмногу се одгледува пченица,грав, тутун и јачмен, а од сточарството најзастапено е одгледувањето на овци, а полека се обновува и одгледувањето на кози. Теово е познато по своето сирење со билки (мајчина душица и др.) кое котира доста високо на пазарот.
[уреди] Демографија
Теово како и многуте други македонски села доживеало огромно намалување на бројот на своите жители поради големата миграција. Така во 1961 година Теово имало 659 жители, а во 1994 година 188 жители, сите Македонци. Во последниве години се забележува доселување на повратници кои селото го напуштиле во времето на индустријализацијата. Според податоците од пописот од 2002 година, Теово бележи пораст за еден жител, а неговиот етнички состав е:
Жители 189
Македонци 186
Срби 1
Останати 2
[уреди] Општествени институции
Бидејќи порано Теово било поголемо село во него работи осумгодишно училиште, а има и пошта. Познат е манастирот посветен на Свети Архангел Михаил во кој се одржуваат и ликовни изложби.Манастирот сега се користи како хотел и се повеќе туристи го посетуваат поради чистиот воздух и природната убавина.