Пјаца Навона
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пјаца Навона (Piazza Navona) е плоштад во Рим. Плоштадот е направен според план на Римски циркус, 1-во вековниот Стадион на Домицијан[1], каде Римјаните доаѓале да гледаат агони („игри“): денешното име настанало со искривоколчување на изразот во агонија, во nagone и navona, што на Италијански значи „голем број“.
Дефиниран како плоштад во последните години на 15-от век, кога градскиот пазар бил префрлен овде од Кампидољо, Пјаца Навона денес е гордост на барокен Рим. Има скулптури и архитектонски дела од: [Лоренцо Бернини]], познатата Fontana dei Quattro Fiumi (Фонтана на четирите реки, 1651) во средината; Франческо Боромини и Гироламо Раиналди, црквата Sant'Agnese in Agone; и од Пјетро да Кортона, кој ја насликал галеријата во палатата Пампиљ.
Традиционалниот пазар во 1869 бил преместен во Campo de' Fiori, но плоштадот е исто така традиционален домаќин на театарски и куклени претстави, трки на коњи, двобои на витези. Од 1652, секоја сабота и недела во август, плоштадот се претварал во езеро за да се слави фамилијата Пампиљ. Прославата била прекината во 1866.
Пјаца Навона содржи уште две фонтани на Џакомо дела Порта — Нептуновата фонтана (Fontana di Nettuno) од (1574), лоцирана во северниот дел на Пјаца Навона, и Фонтаната на Маврите (Fontana del Moro) од (1576), лоцирана во јужниот дел на плоштадот.
Други споменици на плоштадот се:
- Шпанските степеници (Stabilimenti Spagnoli)
- Палатата на Купис (Palazzo de Cupis)
- Палатата Торес Масимо Ланчелоти (Palazzo Torres Massimo Lancellotti)
- Црквата „Богородица на Светото срце“ Nostra Signora del Sacro Cuore
- Палатата Браши (Музеј на Рим) Palazzo Braschi (Museo di Roma)
[уреди] Референци
- ↑ Roth, Leland M. (1993). Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning, First, 233, Boulder, CO: Westview Press. ISBN 0-06-430158-3.
- Norwich, John Julius, ed. (1988). The World Atlas of Architecture, 302, New York: Portland House. ISBN 0517668750.
- Rendina, Claudio, ed. (2003). La Grande Enciclopedia di Roma. Rome: Roma : Newton & Compton. ISBN 8882893162.