Окленд (регион)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Окленд (англиски: Auckland) е еден од 15-те региони во Нов Зеланд, кој го носи името по Окленд, голем град во неговото средиште.
Содржина |
[уреди] Географија
На копно, регионот се простира од устието на Каипраското пристаниште северно и преку јужните делови на Севернооклендскиот полуостров, крај планинскиот венец Ваитакере и теснецот на Окленд, па се до планинскиот венец Хунуа и низините јужно од Манукавското пристаниште. Регионот завршува неколку километри од устието на реката Ваикато. Северно се граничи со Нортленд, а јужно со регионот Ваикато. Во регионот спаѓаат и островите на заливот Хаураки.
Површината му е помала од онаа на сите други унитарни единици освен нелсон. Највисока точка е врвот на Малиот Бариерен остров, со 722 метри.
[уреди] Територијални води
Пацификот и Тасмановото море го сочинуваат крајбрежјето на регионот. Источната обала се преклопува со водите на заливот Хаураки, кој е ракав на Пацификот заштитен од голем број на помали и поголеми острови, а особено од Големиот Бариерен остров на североисток. Ваитематското пристаниште, кое е ракав на заливот Хаураки ја сочинува главната лука на Окленд. Копнетото крајбрежје е долго 1,613 км. Тука насекаде наоѓаме заливчиња и устија и полузатворените пристаништа Ваитемата, Манукау и Каипара.
Западно лежат две природни пристаништа, Каипара и Манукау. И двете имаат опасни приоди и не се користат за бродови. Каипарското пристаниште (чија јужна половина е во регионот Окленд)) е едно од најголемите природни пристаништа во светот, со површина од 530 км². Манукавското пристаниште, кое се наоѓа на југозападниот дел од регионот, има мала лука во Онехунга, но и таа е исто така е тешко пристапна - особено заради предоминантниот југозападен ветер. На работ на пристаништето се наоѓа оклендскиот меѓународен аеродром Регионот има многу убави плажи, особено на таскманскиот брег јужно од Каипата. Некои од овие се плажите Муриваи и Пиха.
[уреди] Вулканско подрачје
Окленд лежи врз лавино подрачје во мирување. Регионот има 49 вулкани со разни старости, од кои најстариот се создал пред 150,000 години. Сите вулкани се релативно мали, некои од кои не се повисоки од 150 метри.
Најскората ерупција се случила пред околи 600 години. Овој настан го создал островот Рангитото.
[уреди] Луѓе
И покрај малата површина, овој регион е во голема мера најнаселениот во Нов Зеланд, со 1,337,000 жители (проценка од 2005), или околу 32% од населението во државата. Тој исто така се развива и расте најбрзо од сите региони, со пораст на населението за 240,000 во последните 10 години- пораст од 22% (според пописите од 1996, 2001 и 2006). Според пописот од 2001, во регионопт Окленд живее 26.3% од европејското население цо државата, 24.3% од вкупното маорско и 66.7% од вкупното пацифичко население, 63.7% од азијатското и 54.7% од „останатите“ етнички групи. Ова ја покажува етничката разноликост на регионот, особнено во споредба со остатокот од Нов Зеланд.
Во регионот се наоѓа градот Окленд, помали гратчиња, рурални области и островите на заливот Хаураки.
[уреди] Локална управна структура
[уреди] Регион
Регионот го управува Оклендскиот Регионален Совет. Меѓутоа тој има ограничена контрола врз градот, со фокус на заштита на животната околина, финансирање на јавен превоз и управа со регионалните паркови и крајбрежја. Останатата управа им припаѓа на т.н. Територијални Локални Власти, од кои во регионот има седум, четири града и три округа.
[уреди] Окрузи
Северно од оклендското населено подрачје се наоѓа округот Родни, во кој спаѓаат гратчињата Хеленсвил и Велсфорд. Јужно од него е округот Папакура, во кој се наоѓа истоименото гратче. Уште појужно, регионот Окленд ја покрива северната половина од огругот Френклин (јужната половина е дел од регионот Ваикато). Во округот Френклин се наоѓаат гратчињата Ваику и Пукекохе.
[уреди] Градови
Помеѓу горенаведените окрузи се наоѓа конурбацијата Окленд. Таа се простира околу Ваитематското пристаниште и се протега јужно од Оклендскиот теснец до бреговите на Манукавското пристаниште. Северно, истата се простира долж заливот Хаураки, сè до Ваивера.
Графот Окленд се простира врз најголемиот дел на самиот теснец. Пртеку Ваитематското пристаниште се наоѓа градот Северен Брег. Западно од градот Окленд, под падините на планинскиот венец Ваитакере, се наоѓа градот Ваитакере, додека градот Манукау се протега јужно од градот Окленд, близу источниот брег на истоименото пристаниште. Во градот Манукау се наоѓа оклендскиот меѓународен аеродром.
Населеното подрачје се протега и нешто вон овие четири града, во делови од окрузите Папакура, Френклин и Родни.
[уреди] Видете исто така
Градови и окрузи:
- Град Окленд
- Град Северен Брег
- Град Ваитакере
- Град Манукау
- Родни
- Папакура
- Френклин
[уреди] Надворешни врски
- Оклендски Регионален Совет (англиски)
- Совет на Град Окленд (англиски)
- Совет на Град Ваитакере (англиски)
- Совет на Град Северен Брег (англиски)
- Совет на Град Манукау (англиски)
- Вуланите на Окленд (англиски)
Северен остров: |
Нортленд | Окленд | Ваикато | Залив на изобилството | Гизборн¹ | Јастребов залив | Таранаки | Манавату-Вангануи | Велингтон |
Јужен остров: |
Тансман¹ | Марлборо¹ | Нелсон¹ | Западен Брег | Кантербури | Отаго | Саутленд | Фјордленд² |
¹ Унитарни административни единици ² Само неформално; официјално непризнаени ентитети |
Територијална поделба на Нов Зеланд |
---|
Градови: |
Северен Брег | Ваитакере | Окленд | Манукау | Хамилтон | Тауранга | Напиер | Палмерстон Север | Порируа | Горен Хат | Долен Хат | Велингтон | Нелсон* | Крајстчерч | Данидн | Инверкаргил |
Окрузи: |
Северен Остров: Далек Север | Фангареи | Каипара | Родни | Папакура | Френклин | Темза-Коромандел | Хаураки | Ваикато | Матамата-Пиако | Ваипа | Јужно Ваикато | Оторогханга | Роторуа | Ваимото | Таупо | Залив на of изобилието | Факатане | Каверау| Опотики | Гизборн* | Ваироа | Хестингс | Централен Јастребов залив | Нов Плимут | Стратфорд | Јужен Таранаки | Руапеху | Фангануи | Рангитикеи | Манавату | Тараруа | Хорофенуа | Капитско крајбрежје | Мастертон | Картертон | Јужна Ваирарапа |
Јужен Остров: Тасман* | Марлборо* | Булер | Греј | Вестленд | Каикоура | Хурунуи | Ваимакарири | Селвин | Ешбуртон | Тимару | Мекензи | Ваимате | Ваитаки | Квинстаунски езера | Централно Отаго | Клута | Гор | Саутленд |
Територија: Четемски острови |
*унитарни адмнинистративни единици |