Зевкс и Пархасиј
Од Википедија, слободна енциклопедија
Зевкс и Пархасиј биле сликари од Ефес во V век п.н.е.. Зевкс бил дворски уметик во престолнината на Македон, Пела повикан од кралот Архелај I. Двајцата се спомнуваат во книгата Naturalis Historia на авторот Плиниј Постариот во контекст на натпреварот кои двајцата го одржиле за да одредат кој од нив е подобар уметник (како и за титулата „Најдобар уметник на светот“). Кога Зевкс ја тргнал завесата од неговата слика со гроздови, тие изгледале толку примамливо, што птици долетале од небото за да ги колват. Потоа тој го замолил Пархасиј да го направи истото со неговата завеса. Кога се открило дека всушност самата завеса била сликата на Пархасиј, Зевкс морал да признае пораз, бидејќи додека неговото дело ги измамило очите на птиците, Пархасиј ги измамил очите на уметник.
Најважните дела на Зевкс се Хелен, Устоличениот Зевс и Малиот Херкул дави змија. Се вели дека починал со тоа што се изнасмеал до смрт на една од неговите слики.
[уреди] Видете исто така
- Мртва природа
- Тромп лоеј