Горобинци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Горобинци е село во Св.Николско, одалечено 6км од градот.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Горобинци |
Општина: | Општина Свети Николе |
Население: | 890 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | 032 |
Надморска височина: | - |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото е ралативно блиску до градот, само 6км одалечено. Меѓутоа неговата географска положба е уште поповолна со фактот што има директен пат од селото према Скопје долг само 50км. Во иднина источната магистрала Скопје-Штип треба да поминува токму низ атарот на селото.
[уреди] Историja
Во минатото било турско село и се викало Винци. Со заминувањето на турците се населиле Македонците, па и името се сменило во Горобинци.
[уреди] Економија
Новиот нафтовод АМБО ке поминува во непосредна близина.
[уреди] Демографија
Селото брои 890 жители од кои 869 се Македонци, а 21 се Срби.
[уреди] Општествени институции
На врвот од планината Ѓуриште се наоѓа еден од трите главни Радарски центри во Македонија, МПРЦ "Ѓуриште", на Управата за Хидрометеоролошки Работи. А во минатото бил и единствен. Во селото се наоѓа и основното училиште "Ацо Шопов". Има и амбуланта, пошта, клуб на пензионери и др.
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
Непосредно над селото се наоѓа локалитетот Ѓуриште, кое претставува честа излетничка дестинација за граѓаните на Св.Николе, па дури и на некои скопјани.
[уреди] Редовни настани
Секоја година се прославува селската слава Спасовден.
[уреди] Личности
1. Д-р Стојмил Петковски - учествуваше во конзилиарниот тим за спас на животот на американскиот претседател Роналд Реган, по атентатот извршен врз него. 2. Гоне Петковски - историчар и поранешен амбасадор. 3. Борис Начков - собирач на македонски народни песни кој досега има издадено три збирки со песни. 4. Живко Додев - подготвувач на природни лекови (алтернативна медицина)
[уреди] Култура и спорт
Активно работи и културно уметничко друштво, кое пред се го негува македонскиот фолклор. Во селото постои и успешно настапува фудбалскиот клуб Стрела.