Горно Јаболчиште
Од Википедија, слободна енциклопедија
Горно Јаболчиште е село во состав на Општина Чашка во нејзиниот северен дел (до 2004 година под Општина Велес). Селото се наоѓа во изворишниот дел на реката Тополка, а на северозападната падина на планината Голешница. Атарот на селото се допира до скопската Општина Студеничани.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Горно Јаболчиште |
Општина: | Општина Чашка |
Население: | 1741 жител |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | - |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Горно Јаболчиште е планинско село на надморска височина од 980 метри, а од градот Велес е оддалечено 45 километри. Во селото има осумгодишно основно училиште, амбуланта, пошта и неколку продавници,а истотака селото е попатна станица на планинскиот велосипедизам и алпинизам кон Солунска Глава.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Од националниот состав на населението интересни се следниве податоци:
Во 1961 година селото имало 771 жител, од кои 758 биле Турци и само 11 биле Албанци.
Додека бројот на населението во 1994 година е двојно зголемен на 1 538 жители, само Албанци.
Според пописот од 2002 година, Горно Јаболчиште ја има следнава демографска слика:
Жители 1741
Албанци 1727
Останати 14
[уреди] Општествени институции
Во селото работат основно училиште (до VIII одделение), амбуланта и пошта.
[уреди] Администрација и политика
Според новиот закон за територијална организација на Република Македонија селото (заедно со Долно Јаболчиште) беше припоено кон мнозинско Македонско населената (73,91% Македонци) Општина Чашка. Причината со заради која овие 2 доминантно албански села беа припоени кон Општина Чашка беше само за општината да се албанизира и да стане двојазична. Кон општината беа припоени и помалите рурални општини Богомила (95,21% Македонци) и Извор (99,24% Македонци). Меѓутоа со припојувањето на овие две села кои природно не гравитираат кон општината и воопшто кон областа Азот, бројот на Албанско население беше насила зголемен на 33,06%. Според локалното Македонско население кое во најголем број е доста старо ова значи тотална албанизација на општината од причина што младите Македонци бегаат од општината, а бројот на Албанците константно се зголемува и со доселување и со природен прираст. Власта на ова одговараше дека со тоа ќе се зајакнел соживотот и мултикултурноста на овој крај, што всушност греши бидејќи тоа значи трајно албанизирање на овој крај од кој произлегле голем број видни Македонски борци, револуционери, учители, градители итн.