Атлетика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Атлетиката, позната и како лесна атлетика, е збир на спортови. Терминот потекнува од грчкиот збор „атлос“ што значи „натпревар“. Атлетиката вклучува спортови кои генерално можат да се поделат на трчање, фрлање и скокови.
Содржина |
[уреди] Тркачки дисциплини
Се одвиваат на патека околу фудбалско игралиште со должина од 400 метри.
- Спринтови: дисциплините до 400 метри.
- Трки на средни далечини: од 800 до 3000 метри.
- Трки на големи далечини: повеќе од 5000 метри.
- Трки со пречки: 100 метри за жени, 110 метри за мажи, 400 метри за мажи и жени и 3000 метри.
- Штафети: Најчесто се трчаат штафети на 100 и 400 метри со четири измени.
- Трки со одење: најчести се трките на 10, 20 и 50 километри.
[уреди] Фрлачки дисциплини
- Ѓуле
- Кладиво
- Копје
- Диск
[уреди] Дисциплини со скокање
- Скок во далечина
- Трискок
- Скок во височина
- Скок со стап
[уреди] Повеќебојни дисциплини
- Петтобој
- Седмобој
- Десетобој